Решенија
-
Мега Инженеринг разработува системи за мониторинг на производствени процеси
Инженеринг фирма Мега Инженеринг ДОО има водечки пазарни позиции во разработување на решенија за индустриската автоматизација, проектира системи за мониторинг и управување на производствени процеси, информираа за BalkanEngineer.com од компанијата. „Системите кои ги разработуваме се во согласност со индивидуалните специфики и барања на соодветната примена. Исто така работиме на конкретни задачи од клиентот“, додадоа од фирмата. Мега Инженеринг, исто така, нуди услуги поврзани со SCADA систем; инсталирање на OPC сервери и клиенти.
2017-12-07Прочитај ја статијата
-
Рапид Прогрес со пазарно деби на SolidWorks 2018 на Меѓународниот технички саем во Пловдив
Учеството на Рапид Прогрес на есенскиот технички саем во Пловдив, Бугарија, е традиционално, како и оваа година фирмата импресионира со своето сеопфатно портфолио од CAD, CAM, CAE, PDM системи и системи за CNC комуникации. Акцент во претставувањето на компанијата беше пазарното деби на SolidWorks 2018 на 26 септември 2017 година. Датумот на настанот не беше случајно избран - во исто време се одржа и самата премиера на софтверскиот производ во светот. За деталите од најновиот SolidWorks раскажаа од компанијата на BalkanEngineer.com.
2017-12-06Прочитај ја статијата
-
Старт инженеринг: Изградивме основни електрични системи на интермодалниот терминал на Пловдив
Докажаната фирма со искуство повеќе од четврт век и присуство на балканскиот и меѓународниот пазар Старт Инженеринг АД зеде учество во изградбата на интермодалниот терминал во јужниот централен регион за планирање на товарен транспорт во град Пловдив, Бугарија. Нарачувач беше ДП „НК ЖИ“ (Национална компанија железничка инфраструктура). Се очекува проектот да помогне за оптимизација на постојната инфраструктура и да доведе до подобрување на квалитетот на извршените транспортни услуги во регионот на град Пловдив.
2017-12-05Прочитај ја статијата
-
Лазатек: Top Automazioni ја презентира новата генерација на уред за додавање на шипки на ЕМО Hannover 2017
Top Automazioni е водечка италијанска компанија во производството на уреди за додавање на шипки, која поседува патент за разработување на автоматски систем, базиран на PLC. „На саемот ЕМО Hannover 2017 во Германија компанијата го презентира својот најнов производ – моделот „Infinity“, кој ќе се нуди на пазарот од 2018 година. Автоматскиот уред за додавање на шипки работи со дијаметри на шипката од ø3 мм до ø37 мм и може да биде изведен со должина од 2100 мм, 3200 мм, 4100 мм и 6100 м“, информираа за BalkanEngineer.com од фирма Лазатек ДООЕЛ.
2017-11-06Прочитај ја статијата
-
Булгартел ја реорганизира својата преносна мрежа и веќе обезбедува пренос на податоци од 100 Gbps ламбди
Водечкиот телекомуникациски оператор на Балканот Булгартел успешно реализираше проширување на својата DWDM мрежа, со што компанијата веќе им обезбедува на своите клиенти услуги за пренос на податоци со капацитет Nх100 Gbps. Сите услуги што ги обезбедува операторот се во согласност со меѓународните препораки и стандарди на ITU и MEF. Обемното портфолио на модерните телекомуникациски оператор е презентирано со стандардни производи; национални, меѓународни и транзитни врски; нестандардни решенија ориентирани кон клиентот; пакет услуги и многу повеќе.
2017-11-03Прочитај ја статијата
-
Делницата од Пругата Пловдив - Бургас во Бугарија е модернизирана со активно учество на фирма ТиД Инженеринг
Докажаната инженерска компанија ТиД Инженеринг ДООЕЛ е меѓу главните подизведувачи во проект за рехабилитација на железничката инфраструктура во делници од железничката пруга Пловдив - Бургас, објавија за BalkanEngineer.com експерти од компанијата. Инвестицијата е во висина од над 19,5 милиони лева, а нарачувачот на проектот е Државното претпријатие „Национална компанија железничка инфраструктура“, со управен орган за објектот - Дирекција „Координација на програми и проекти“ при Министерството за транспорт, информатичка технологија и комуникации.
2017-11-02Прочитај ја статијата
-
Специјален подарок за секој сет сплитер клеми Wago Profi од серијата 221
ТП ВАГО Контакттехник ја дочекува есента с нова промоција. Сега обожавателите на високиот квалитет на водечката германска компанија ќе имаат корист од уникатен бонус при купување на комплет сплитер клеми Wago Profi од серијата 221. „Тоа е последна генерација сплитер клеми, кои поседуваат голем број на подобрувања во споредба со претходниот модел. Само сега секој кој ќе купи целосен комплет од достапните во серијата клеми, ќе добие оригинална запалка Zippo - специјален подарок од нас“, соопштија за BalkanEngineer.com од компанијата,која ја застапува германската компанија во Македонија.
2017-11-01Прочитај ја статијата
-
Адара Инженеринг: RTМ фиберглас ги прави специјалните пумпи на Argal отпорни на корозивни течности
Морска вода, силно корозивни течности и тешки индустриски услови - од Адара Инженеринг ДООЕЛ имаат решение за пумпи кои ќе им одолеат на овие работни средини. Од компанијата ги презентираат пумпите Argal направени од фиберглас, добиен со модерна и висококвалитетна технологија која не допушта и најмал компромис со квалитетите на материјалот. За да ги изработат пумпите од серија Saturn, нашите партнери Argal од Италија го користат така наречениот RTM процес за производство на фиберглас, кој му дава извонредни физичко - хемиски карактеристики на материјалот.
2017-10-31Прочитај ја статијата
-
EMO 2017: Fanuc разработи нов робот со високи перформанси со IP67 за работа во влажна средина
На саемот EMO 2017, што се одржа од 18 до 23 септември во Хановер, Fanuc го презентира својот најнов робот разработен специјално за перење во индустриски услови. „Роботот R-2000iC/210WE е нов модел од серијата R-2000iC, со усовршена механичка конструкција, кој е наменет за автомобилската индустрија, поврзаните со неа добавувачи, Tier 1 и други намени каде што технолошкиот процес вклучува перење“ соопштија за BalkanEngineer.com од Централната канцеларија на Fanuc за Југоисточна Европа.
2017-10-30Прочитај ја статијата
-
Солтех раскажа за најновите трендови во Industry 4.0 на специјализиран семинар во Бугарија
Компанијата Солтех беше организатор на специјализиран семинар на тема „Вашата Фабрика 4.0: Теоријата во пракса“. Како дел од Меѓународниот технички саем 2017, на настанот се собраа голем број експерти и слушатели во економската зона во близина на град Пловдив. „Ги запознавме гостите со интересни и разновидни теми поврзани со брзото воведување на Industry 4.0 во Бугарија. Заедно со нашите партнери од Полимета-Ц и Blaser, ги презентиравме најновите трендови, производи и индустриски решенија со различни области на примена“, раскажаа специјалистите.
2017-10-05Прочитај ја статијата