Учеството на Рапид Прогрес на есенскиот технички саем во Пловдив, Бугарија, е традиционално, како и оваа година фирмата импресионира со своето сеопфатно портфолио од CAD, CAM, CAE, PDM системи и системи за CNC комуникации. Акцент во претставувањето на компанијата беше пазарното деби на SolidWorks 2018 на 26 септември 2017 година. Датумот на настанот не беше случајно избран - во исто време се одржа и самата премиера на софтверскиот производ во светот. За деталите од најновиот SolidWorks раскажаа од компанијата на BalkanEngineer.com.
„Забрзајте ги иновациите, проширете го вашиот бизнис и креирајте одлични дизајни“ е мотото на најновата верзија на светски познатиот софтверски производ. SolidWorks нуди комплетни 3D софтверски алатки кои овозможуваат беспрекорно создавање, симулација, објавување и управување со податоци. „Производите разработени од DS SoldWorks се лесни за учење и удобни за работа за секој специјалист. Софтверот е исто така со колаборативна насоченост и дава можност за побрзо и поефикасно проектирање“, коментираа од Рапид Прогрес пред екипата на BalkanEngineer.com.
„Од дизајн, верификација и комуникација, до управување со податоци - решенијата на SolidWorks ги покриваат сите аспекти и чекори од разработката на еден производ, обезбедувајќи интегриран работен процес. Дизајнерите и инженерите можат со леснотија да опфатат неколку насоки, што може да доведе до пократок период на конструирање, зголемување на продуктивноста и побрзо излегување на иновативни производи на пазарот“, изјавија во заклучок од Рапид Прогрес.
Централна канцеларија:
Адреса: Бугарија, Благоевград 2700, бул. Свети Димитър Солунски 4
Телефон: 00359 899 691 234
Е-mail: info@rapidprogress.eu
Извор на фото материјал: BalkanEngineer.com