In Bulgarian.
На саемот EMO 2017, што се одржа од 18 до 23 септември во Хановер, Fanuc го презентира својот најнов робот разработен специјално за перење во индустриски услови. „Роботот R-2000iC/210WE е нов модел од серијата R-2000iC, со усовршена механичка конструкција, кој е наменет за автомобилската индустрија, поврзаните со неа добавувачи, Tier 1 и други намени каде што технолошкиот процес вклучува перење“ соопштија за BalkanEngineer.com од Централната канцеларија на Fanuc за Југоисточна Европа.
Новиот робот R-2000iC/210WE е сигурен, робустен и водоотпорен. Неговиот максимален капацитет е 210 кг. „Роботот може да издржи долг период на висок притисок и бројни оптоварувања кои се случуваат во процесот на перење. Благодарение на специјалната заштита од корозија, целиот робот, вклучително надворешната површина, преносите и други компоненти се целосно отпорни против висока влажност и на средства за перење. Ова го прави оптимален избор за екстремни работни услови“, коментираа специјалистите.
Моторите, конекторите и други компоненти кои се наоѓаат во внатрешниот простор на роботот се заштитени преку заштитни куќишта кои ја изолираат машината и постигнуваат класа на заштита IP67. Покрај тоа, сите внатрешни комуникациски елементи, како кабли, спроводници на воздух и други, се безбедно сместени во здраво и флексибилно црево. Преносите се фабрички исполнети со масло и се проектирани да издржат високи температури и механички притисоци, предизвикани од процесот на перење.
Стандардната изведба на R-2000iC/210WE вклучува контролирано дување со воздух во две одделни кола. Состојбата на роботот лесно може да се види и да се провери во секое време преку конзолата за обука. Со хоризонтален опсег од 2450 мм и вертикален опсег од 3415 мм, роботот наоѓа флексибилна примена во различни технолошки процеси. Благодарение на направените тестови се одобрени неколку специфични индустриски детергенти. На барање, Fanuc може да го тестира новиот R-2000 и други специфични детергенти кои ги користи клиентот.
Централна канцеларија за Југоисточна Европа
Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД
Телефон: 00359 2 963 33 19, 00359 2 963 32 86
E-mail: service.bg@fanuc.eu
Извор на фото материјал: Фанук, Fanuc