Решенија
-
ТиД Инженеринг: Имаме долгогодишно искуство и бројни успешно реализирани SCADA системи
ТиД Инженеринг ДООЕЛ е докажана инженерска компанија која нуди богата палета на услуги во областа на енергетиката, електротехниката, автоматизацијата и електрониката. Една од главните насоки во кои компанијата ја развива својата дејност, е проектирање, имплементација и одржување на автоматизирани SCADA системи во сектор енергетика, информираа за BalkanEngineer.com од ТиД Инженеринг. Од своето основање, дејноста на ТиД Инженеринг е директно вклучена во енергетскиот сектор.
2018-03-21Прочитај ја статијата
-
Вистинското „срце“ на Даблин – стадионот Croke Park, е опремен комплетно со пумпни решенија на Wilo
Дали знаете кој е трет по големина стадион во Европа?
Се вика Croke Park и е вистинското „срце“ на ирскиот главен град Даблин. Во својот најнов изглед, стадионот собира 82.300 луѓе и ги обединува луѓето со иста спортска страст. Но, како се одржува во добра состојба инфраструктурата за вода на таков објект? „Обезбедувајќи го функционирањето на водоводната система и системата за наводнување на стадионот со нова, енергетски ефикасна опрема Wilo гарантира одржливост на еден „зелен“ спортски објект“, објаснија од Wilo Претставништво Скопје.2018-03-20Прочитај ја статијата
-
Старт Инженеринг – лиценциран производител на дистрибутивни уреди и центри за контрола на моторот
Старт Инженеринг АД е инженерска компанија со над 65 години историја и искуство. „Заедно со нашите инженерски активности, ние исто така развиваме многу успешно производство. Со текот на годините се утврдивме на македонскиот пазар како еден од најголемите лиценцирани производители на типски тестирани дистрибутивни уреди (Рower control center - PCC) и центри за контрола на мотори (МСС), главно од производствената палета на General Electric - семејство SEN Plus“, коментираа за BalkanEngineer.com од Старт Инженеринг.
2018-02-23Прочитај ја статијата
-
Посебен систем за нанесување на лепило на кутии е следниот успешно завршен проект на Мултиинженеринг
Специјалистите од фирмата ET Мултиинженеринг, докажана во производството и имплементацијата на машини и опрема од прехранбената и лесната индустрија, го финализираа нивниот следен успешен проект. Тимот на компанијата проектира и разработи за свој клиент систем за нанесување на лепило на кутии, објавија за BalkanEngineer.com од компанијата. „Новиот транспортен систем е целосно автоматизиран, изграден од нерѓосувачки челик и има три процесни зони на работа“, коментираа од Мултиинженеринг.
2018-02-22Прочитај ја статијата
-
Автоматско одржување на хидрауличен баланс во системите за греење со вентили на Oventrop
Водечкиот европски производител на фитинзи, регулатори и комплетни системи за греење Oventrop, презнтира два нови модели комбинирани регулациони вентили Cocon QTZ и Cocon QTR/QFC. „Доброто хидраулично балансирање на системите за греење е од најголемо значење за нивното ефикасно функционирање. Комбинираните регулациони вентили Cocon QTZ и Cocon QTR/QFC обезбедуваат автоматско одржување на хидрауличниот баланс со што се гарантира оптимално функционирање на системот за греење“, коментираа од канцеларијата на Oventrop GmbH & Co. KG KG.
2018-02-21Прочитај ја статијата
-
МаккаБ ДООЕЛ: Modicon M241 на Schneider Electric репер при компактните контролери за управување со машини
Докажаната македонска трговска, инженеринг и производствена компанијата МаккаБ ДООЕЛ го презентира пред читателите на BalkanEngineer.com логичкиот контролер Modicon M241, разработен од глобалниот производител Schneider Electric. „Постигнете висока продуктивност и интегрирани „motion“ функции со логичкиот контролер Modicon M241. Благодарение на своите пет вградени порти, моделот се одликува со едни од најголемите комуникациски можности во својата класа“, информираа за BalkanEngineer.com од МаккаБ ДООЕЛ.
2018-02-21Прочитај ја статијата
-
SpaceCAD: Директното печатење во метал ја овозможува изработката на детали со предизвикувачка геометрија
Директното печатење во метал е револуционерна технологија за производство, која го прави возможно производството на високо комплексни метални детали директно од 3D CAD моделот. „Во машината високо прецизен ласер е насочен кон честичките метален прав за доследна селективна изградба на тенки хоризонтални метални слоеви. Оваа технологија на модели овозможува производство на метални детали со предизвикувачка геометрија, кои не можат да бидат произведени преку традиционалните технологии за обработка и леење“, објаснија за BalkanEngineer.com од SpaceCAD.
2018-02-20Прочитај ја статијата
-
Нов исклучително компактен робот со универзална намена M-10iD/12 од FANUC
Јапонската компанија FANUC, светски лидер во производството на индустриски роботи, ја претставува следната генерација на докажаната серија на роботи M-10iA. „Новиот модел M-10iD/12 е првиот од новата серија M-10iD - наследник на добро познатиот и докажан негов претходник M-10iA/12. Испораките на новиот робот ќе почнат постепено во 2018 година за да им олеснат на потрошувачите да преминат непречено кон оваа нова генерација на роботи“, соопштија за BalkanEngineer.com од Фанук Бугарија ДООЕЛ.
2018-02-20Прочитај ја статијата
-
Директно читање на податоци од секакви мерни уреди со M-Bus Master модул од WAGO
WAGO Kontakttechnik докажан производител на решенија во областите електротехника, електроника, зградна и индустриска автоматизација, го објави пазарното деби на нов модул за M-Bus протокол - M-Bus Master Module, соопштија за BalkanEngineer.com од ТП ВАГО Контакттехник. „Новиот модел помага да се намалат трошоците, да се олесни инсталацијата и да се заштеди простор. Само со еден од новите 753-649 модули на системот за автоматизација можат да бидат поврзани до 40 M-Bus уреди преку кои да се собираат податоци за потрошувачката, и тоа без дополнителни уреди“, додадоа од фирмата.
2018-02-19Прочитај ја статијата
-
Лазатек: Ја инсталиравме првата машина од серијата на Maxmill Cruiser во Бугарија
Основана во 1996 година, компанијата Maxmill Machinery е специјализирана во проектирањето и производството на вертикални центри за обработка. „Од своето основање Maxmill им обезбедува на своите клиенти сигурни машини за постигнување на висока производителност, прецизност на обработката и одличен квалитет на производството. Среќни сме да објавиме дека веќе има инсталиран вертикален центар за обработка од серијата Cruiser на Maxmill и во Бугарија“, соопштија од фирма Лазатек ДООЕЛ.
2018-02-16Прочитај ја статијата