In Bulgarian
Јапонската компанија FANUC, светски лидер во производството на индустриски роботи, ја претставува следната генерација на докажаната серија на роботи M-10iA. „Новиот модел M-10iD/12 е првиот од новата серија M-10iD - наследник на добро познатиот и докажан негов претходник M-10iA/12. Испораките на новиот робот ќе почнат постепено во 2018 година за да им олеснат на потрошувачите да преминат непречено кон оваа нова генерација на роботи“, соопштија за BalkanEngineer.com од Фанук Бугарија ДООЕЛ.
„M-10iD/12 се карактеризира со голема брзина на оските и најдобра прецизност во својата класа. Изработен специјално за тесни работни простори, овој робот со висока производителност исто така, може да се користи за намени каде што е потребно да се врши монтажа на високо. Дополнително, благодарение на големиот опсег на оските, роботот M-10iD/12 нуди оптимално искористен работен простор за уште поголема производителност на технолошкиот процес“, објаснија од друштвото на FANUC.
Сите флексибилни црева и кабли се целосно вградени - каблите се водат преку шупливата рачка за манипулација, рачниот зглоб и телото на роботот. Ова овозможува лесен и сигурен распоред на каблите за разни сензори и комори, воздушни цевководи и сите други елементи, комплетно отстранувајќи ги надворешните кабли кои пречат на периферната опрема. Ова, од своја страна, води до минимизирање на напорите за вградување, како и до оптимизација на времетраењето на работниот век на каблите.
Како и сите други FANUC роботи, M-10iD/12 поддржува различни интелигентни функции, вклучително и вградениот систем FANUC iRVision. Кон него е можно да се додаде широк опсег на софтверски опции, како и специјални безбедносни функции, например FANUC Dual Check Safety. Софтверскиот пакет за симулација на Roboguide може да се користи офлајн при што го олеснува проектирањето и го подобрува инженерскиот процес.
Централна канцеларија за Југоисточна Европа
Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД
Телефон: 00359 2 963 33 19, 00359 2 963 32 86
E-mail: service.bg@fanuc.eu
Извор на фото материјал: Фанук Бугарија ДООЕЛ, Fanuc