In Bulgarian
Водечкиот европски производител на фитинзи, регулатори и комплетни системи за греење Oventrop, презнтира два нови модели комбинирани регулациони вентили Cocon QTZ и Cocon QTR/QFC. „Доброто хидраулично балансирање на системите за греење е од најголемо значење за нивното ефикасно функционирање. Комбинираните регулациони вентили Cocon QTZ и Cocon QTR/QFC обезбедуваат автоматско одржување на хидрауличниот баланс со што се гарантира оптимално функционирање на системот за греење“, коментираа за BalkanEngineer.com од канцеларијата на Oventrop GmbH & Co. KG KG.
Комбинирани регулациони вентили „Cocon QTZ“
Cocon QTZ е компактен, независен од притисокот, комбиниран регулациски вентил наменет за автоматско одржување на хидрауличниот баланс во централни системи за греење и ладење.
Главни предности на Cocon QTZ
- Поголем опсег на протокот;
- Можност за миење и исцрпување;
- Максимален диференцијален притисок: 6 bar;
- Постојано висок авторитет на вентилот (a = 1);
- Независен од диференцијалниот притисок;
- Динамичен хидрауличен баланс преку штелување на саканата вредност на протокот;
- При проширување или промени во инсталацијата не е потребно прилагодување на штелувањето на веќе инсталираните вентили;
- Линеарна карактеристика.
Комбиниран регулациски вентил Cocon QTR/QFC
Слично на Cocon QTZ, контролните вентили Cocon QTR/QFC се состојат од регулатор на проток чијашто номинална вредност се штелува со помош на рачка и регулациски вентил кој може да биде опремен само со еден погонски уред.
Важни предности на Cocon QTR/QFC
- Постојано висок авторитет на вентилот (a = 1);
- Независен вентил од диференцијалниот притисок;
- Вентилски диск за ослободување на притисокот;
- Можна оптимизација на инсталацијата со мерење на диференцијалниот притисок на вентилот;
- Автоматски хидрауличен баланс кој бара само штелување на саканата вредност на протокот;
- При проширување или промени во инсталацијата не е потребно прилагодување на штелувањето на веќе инсталираните вентили;
- Штелувањето на номиналната вредност е заштитено од несакано дополнително штелување.
- Линеарна карактеристика.
Oventrop GmbH & Co. KG
Адресa: Германија, Д-59939 Олсберг, Паул Овентроп Штрасе 1
Телефон: 0049 2962 82 0
Факс: 0049 2962 82 400
E-mail: mail@oventrop.com
Хидротермика Системи ДООЕЛ
Адреса: Македонија, 137, Гостивар
Телефон/факс: 00389 42215594
Мобилен: 00389 70245571
E-mail: hidrotermika@t-home.mk
Извор на фото материјал: Овентроп, Oventrop GmbH & Co. KG KG