Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Вистинското „срце“ на Даблин – стадионот Croke Park, е опремен комплетно со пумпни решенија на Wilo

20 march 2018

In Bulgarian

 

Дали знаете кој е трет по големина стадион во Европа?

 

Се вика Croke Parkи е вистинското „срце“ на ирскиот главен град Даблин. Во својот најнов изглед, стадионот собира 82.300 луѓе и ги обединува луѓето со иста спортска страст. Но, како се одржува во добра состојба инфраструктурата за вода на таков објект? „Обезбедувајќи го функционирањето на водоводната система и системата за наводнување на стадионот со нова, енергетски ефикасна опрема Wilo гарантира одржливост на еден „зелен“ спортски објект“, објаснија за BalkanEngineer.com од Wilo Претставништво Скопје, подружница на германската компанија Wilo Group.

 

 

Современиот развој на стадионот започнува со специјална програма во 1990 година, кога Croke Park тргнува по патот на еколошката одржливост. „Ефикасните решенија за пумпање што ги одбравме ни помагаат да го намалиме негативното влијание врз животната средина. Затоа и се потпираме на експертизата на Wilo Ирска“, вели Тони Макгуинес (Tony McGuinness), менаџер „Настани и безбедност“. Благодарение на високото ниво на услуги и ефикасноста на производите, компанијата Wilo е префериран партнер како од управата на спортскиот објект, така и од локалното друштво за водовод и канализација.

 

„Всушност за еден стадион најважното е добро одржуваниот зелен тепих, а тоа се постигнува само со висококвалитетни пумпи“, коментираа уште од Wilo Претставништво Скопје. Друг важен момент во автоматизацијата на инсталацијата наводнување е бустер системот да може да одговори автоматски на одреден број прскалки во секое време.

 

 

Еве кои Wilo производи и системи се вградени во Croke Park:

 

Бустер системи:

 

Wilo-COR-3MVIE1605-6/VR-EB-RI DM

Wilo-CO-2MHI805/RI-EB DM

Wilo-COR-2HELIX VE1606/K/VR-EB-DM

Wilo-COR-2MVIE1607-6-2G/VR

 

Опрема за херметизација:

 

Wilo-COMFORT P225 серија

Wilo-COMFORT 225 DIGITAL серија

 

Пумпа со висока ефикасност:

 

Wilo-CronoLine-IL и DL серија

 

Решенија за циркулација на топла вода:

 

Wilo Stratos Z Range

 

Wilo Претставништво Скопје

Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Орце Николов, 101 / Локал 3

Телефон: +389 02 3122 058

E-mail: info@wilo.com.mk

 

Лице за контакт: Валериј Војнески Дипл. маш. инж.

Телефон: +389 070 205 297

E-mail: valerij.vojneski@wilo.com.mk

 

 

Извор на фото материјал: Wilo Претставништво Скопје, Wilo, crokepark.ie

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »