BHTC го отвори проширувањето на своето производство во Бугарија

2019-07-293 мин.

In Bulgarian

 

Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ го отвори проширувањето на својата производствена база во Бугарија. Инвестицијата изнесува 31,6 милиони лева, при што двојно ќе го зголеми производствениот капацитет и ќе отвори 400 нови работни места до 2022 година, соопштија за BalkanEngineer.com од компанијата.

 

 

Проширувањето на BHTC вклучува 7500 м2 од кои 2200 м2 магацини, технички зони, канцеларии и лаборатории.

 

Томас Шулте, главен извршен директор на Behr-Hella Thermocontrol, пристигна на официјалното отворање. Тој и извршниот директор на BHTC Бугарија, г-дин Мартин Ниланд ја пресекоа лентата на новиот производствен дел од фабриката.

 

„Технолошките можности дозволуваат при целосно оптоварување во проширувањето да бидат создадени 150.000 уреди неделно или над 7 милиони годишно. Многу е вредно што отвораме уште повеќе од 250 работни места. Со новите вработени, тимот на BHTC Бугарија надминува 700 луѓе – шест пати повеќе од 2013 година, кога компанијата започна работа во Бугарија“, изјави г-дин Мартин Ниланд.

 

Еве ги тековните слободни работни места:

 

 - Монтери на електронски компоненти;

 - Техничар Аналитичарм;

 - Advanced Quality Planning Specialist;

 - Production Planning and Customer Service Representative;

 - Техничар за одржување;

 

Адреса: Бугарија, 2227 Божуриште, Индустриска зона Софија-Божуриште, ул. Рајна Касабова 8

Телефон: +359 2/999 88 41

E-mail: bulgaria@bhtc.com

 

Повеќе информации за Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фото материјал: Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ