Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ

Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ

http://www.bhtc.com/index.php

Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ е филијала на водечкиот германски производител Behr-Hella Thermocontrol (BHTC). Компанијата се занимава со развој и производство на електроника за системи за климатизација во автомобилскиот сектор. Во групата ВНТС се вработени повеќе од 1700 лица кои работат како во централата во Германија, така и во Бугарија, Кина, Индија, Јапонија, САД и Мексико.

 

Компанијата стапна за првпат на македонскиот пазар во 2013 година, а во 2015 година ги отвора вратите на производствено претпријатие во Индустриска зона Софија-Божуриште. Во него работат повеќе од 400 лица.

 

Производствената програма на фирмата вклучува панели и апарати за послужување и управување на автомобилски климатизации, клима сензори, контролери за воздух, PTC грејачи за стакла и др. BHTC го покрива целиот процес од производниот дизајн до производството на севкупниот систем за контрола на климатизацијата, комбинирајќи различни сфери на искуство - од софтвер, електроника и механика до сите технологии потребни за развој и производство на постојните и идните оперативни елементи на дисплеи.

 

Клиенти на компанијата се повеќе светски лидери како Audi, Volkswagen, General Motors, BMW, Daimler и др.

 

 

 

Контакти

Адреса: Бугарија, 2227 Божуриште, Индустриска зона Софија-Божуриште, ул. Рајна Касабова 8

Телефон: +359 2 999 8841

E-mail: bulgaria@bhtc.com

Материјали за Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ

  • 1
  • 2
    • 22 november 2019BHTC го менува начинот на кој комуницираме со автомобилот

      Докажаниот германски производител на електроника за автомобилската индустрија Behr-Hella Thermocontrol учествуваше на престижниот саем IAA 2019 во град Франкфурт, Германија. На него BHTC претстави интерактивна автомобилска конзола со 3D дисплеј, разработена заедно со технолошката компанија Dimenco, која ја користи технологијата „симулирана реалност“. Пронајдокот го менува начинот на кој човекот комуницира со технологијат. Иновацијата ја користи технологијата Lightfield за да им помогне на возачите побрзо да ги видат важните информации, што ќе го подобри нивното искуство за време на возењето.

    • 17 october 2019Бугарски и италијански ученици успешно ги завршија летните стажирања во Бер-Хелла Термоконтрол

      Заврши програмата за летни стажирања во Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ (ВНТС), која се одржа под мотото „Поддршка за развој и успех“. Оваа година својата практична подготовка во компанијата ја поминаа и воспитаници на италијанскиот институт „Г. Маркони“, кои се обучуваа во професионален правец „Техничар за одржување и електрична помош“. „Стажот на младите специјалисти се одржа во периодот меѓу 16 јули и 12 август годинава како дел од програмата на ВНТС Бугарија“, соопштија од компанијата.

    • 17 september 2019BHTC со последователно признание за иновативен производ. Придружете му се на победничкиот тим!

      Водечкиот германски производител на решенија за индустријата за автомобили Behr-Hella Thermocontrol (BHTC) ја доби престижната награда „Innovation Award Lippstadt“ за својот иновативен производ – метален блок со сензорна технологија. „Наградата е во категоријата „Економија“ и беше доделена на официјална церемонија за време на која беа доделени награди за иновативни разработки од компании, лоцирани во регионот на Липштат, Германија“, информираа од Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ (BHTC) Бугарија.

    • 29 july 2019BHTC го отвори проширувањето на своето производство во Бугарија

      Бер-Хелла Термоконтрол го отвори проширувањето на својата производствена база во Бугарија. Инвестицијата изнесува 31,6 милиони лева, при што двојно ќе го зголеми производствениот капацитет и ќе отвори 400 нови работни места до 2022 г. Проширувањето на BHTC вклучува 7500 метри квадратни од кои 2200 метри квадратни магацини, технички зони, канцеларии и лаборатории. Томас Шулте, главен извршен директор на BHTC, пристигна на официјалното отворање. Тој и извршниот директор на BHTC Бугарија, г-дин Мартин Ниланд ја пресекоа лентата на новиот производствен дел од фабриката.

    • 27 may 2019Бер-Хелла Термоконтрол: Возбудени сме за секој нов проект и секој нов колега! Придружете се и вие

      „За Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ 2019 година започна на исклучително успешен начин. Сè започна многу добро. Можеме да се пофалиме со нови проекти, повторно поврзани со водечки производители на автомобили. Но најмногу во моментот не возбудува фактот што се разраснува и нашиот тим“, споделија од подружницата на германскиот производител Behr-Hella Thermocontrol (BHTC). Од средината на месец мај 2019 година, BHTC ќе има двојно поголем капацитет на своите производствени површини во Бугарија.

    • 22 april 2019BHTC освои награда во категорија „Големо претпријатие“ на „Наградите на германската економија во Бугарија“

      На 24 јануари 2019 година се одржа официјалната церемонија за доделувањето на „Наградите на германската економија во Бугарија“. Водечкиот производител на системи за климатизација во автомобилската гранка Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ беше со цели две номинации од престижните награди, при што на крајот на празничната вечер фирмата си замина со награда во категоријата „Големо претпријатие“, соопштија за BalkanEngineer.com од бугарското друштво.

    • 14 march 2019BHTC: „2018 помина во знакот на деловни успеси и општествено значајни проекти"

      „Минатата 2018 година помина во знакот на постигнати успеси, позитивни резултати и подготовка за нови големи и интересни проекти за Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ. А овај биланс е факт благодарение на прекрасната тимска работа, високиот професионализам, одговорност и посветеност на секој член од нашиот тим“, изјавија за BalkanEngineer.com од бугарската компанија, дел од структурата на германскиот производител на електроника за клима системи за автомобилскиот сектор Behr-Hella Thermocontrol (BHTC).

    • 23 january 2019Бер-Хелла Термоконтрол ќе создаде 250 нови работни места

      Водечкиот пазарен лидер, специјализиран за производството на системи за климатизација за автомобилската индустрија, Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ ја проширува својата база во Индустриска зона „Софија-Божуриште“, Бугарија. Инвестицијата во проектот „Изградба на ново производствено претпријатие со цел проширување на капацитетот за производство на апарати за послужување и управување на климатски инсталации“ ќе ја чини компанијата речиси 32 милиони лева и ќе обезбеди нови 250 работни места, информираа за BalkanEngineer.com од компанија.

    • 18 december 2018BHTC: „Чесност и одговорност се личните квалитети кои ги цениме највисоко кај нашите вработени“

      „Чесноста и одговорноста се најважните лични квалитети кои Бер-Хелла Термоконтрол ги бара кај своите вработени“, изјавија од компанијата. Бугарското друштво е дел од структурата на германскиот производител на електроника за клима системи за автомобилската гранка BHTC и во искрен разговор HR експертите споделија што е најважно, за да бидат вработените во компанијата вистински тим. Во 2018 година бугарската компанија започна големо проширување на своите производствени капацитети.

    • 21 november 2018Еден од првите вработени во BHTC: „Ова е компанијата во која планирам долгорочен развој на кариерата“

      Почетокот на едно претпријатие е тежок процес, дури и ако станува збор за единица на добро докажана меѓународна компанија. Кога во 2013 година на бугарскиот пазар се појави производителот на електроника за системи за климатизација во автомобилската гранка Behr-Hella Thermocontrol (BHTC), целиот тим вклучен во новиот почеток се соочи со вистински предизвик. Само неколку години подоцна, компанијата планира уште едно проширување, по што персоналот ќе се зголеми за 150 нови вработени.

    • 29 october 2018Станка Стојанова од ВНТС: „Бараме вработени со став за високи резултати“

      „Ако останам со впечатокот дека некој кандидат за работа или стажирање сака долгорочно да се развива во фирмата и е ориентиран кон постигнување на добри резултати, тој веќе е еден чекор пред другите“, споделува г-ѓа Станка Стојанова, менаџер „Човечки ресурси“ во Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ. Друштвото, пододдел на докажаниот германски производител Behr-Hella Thermocontrol, е специјализирано во развојна дејност и производство на електроника за системи за климатизација за автомобилската гранка.

    • 10 september 2018BHTC: Бизнис наградите што ги освоивме во текот на годините се израз на признание и поттик за нови достигнувањ

      Бизнисот умее да ги оценува „одличниците“, а белег за тоа се бројните класирања и награди на гранковите организации и медиумите кои го возбудуваат целиот индустриски свет. Една од продукциите која е носител на повеќе престижни награди е Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ. „Признанијата кои ги освоивме за времето од отворањето на нашата база во Бугарија во 2015 година до денес, се израз на признание за активностите на друштвото и поттик за уште повпечатливи остварувања“, изјавија од компанијата.

    • 09 august 2018Бер-Хелла Термоконтрол ја проширува својата база во Божуриште, Бугарија и отвора 150 нови работни места

      Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ започна големоа проширување на својата фабрика во индустриската зона Софија-Божуриште, Бугарија, соопштија за BalkanEngineer.com од друштвото, што е дел од структурата на германскиот производител Behr-Hella Thermocontrol (BHTC). Потегот е дел од долгорочната стратегија за развој на компанијата, како резултат на инвестицијата производствениот капацитет на Бер-Хелла Термоконтрол е планирано да се зголеми за 80%.

    • 11 june 2018BHTC: „Ние се трудиме нашите вработени да се чувствуваат високо ценети и мотивирани“

      Проширена стажантска програма за 2018 година објавија експертите за човечки ресурси на Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ. Компанијата е дел од Behr-Hella Thermocontrol, германски производител и лидер во областа на електрониката за автомобилски системи за климатизација. „Бугарската филијала се развива со брзо темпо. Затоа ги повикуваме сите млади специјалисти со професионални интереси во нашата сфера на дејност да се вклучат во нашите стажантски иницијативи“, коментираа од BHTC.

    • 16 april 2018BHTC ќе го прошири своето производство во Божуриште, Бугарија

      Германската компанија Behr-Hella Thermocontrol (BHTC), производител на клима системи за автомобилската индустрија, го слави своето 5 годишно присуство на бугарскиот пазар. Доказ за успехот што компанијата го постигна во земјата е фактот дека во 2018 година BHTC планира да го зголеми производствениот капацитет со ставање во функција на петта производствена линија, соопштија за BalkanEngineer.com. од компанијата. Бер-Хелла Термоконтрол започна со работа во Бугарија во 2013 година со производствено претпријатие и центар за развој на панели за автомобилски клима инсталации.

  • 1
  • 2

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »