In Bulgarian
„Минатата 2018 година помина во знакот на постигнати успеси, позитивни резултати и подготовка за нови големи и интересни проекти за Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ. А овај биланс е факт благодарение на прекрасната тимска работа, високиот професионализам, одговорност и посветеност на секој член од нашиот тим“, изјавија за BalkanEngineer.com од бугарската компанија, дел од структурата на германскиот производител на електроника за клима системи за автомобилскиот сектор Behr-Hella Thermocontrol (BHTC).
Во 2018 година бугарската компанија учествуваше во бројни хуманитарни каузи поврзани со заштита на животната средина, поддршка на деца со потреби, младинци и семејства, локални проекти, како и настани од културниот живот на град Божуриште. ВНТС им подаде рака на бугарските студенти и ученици преку своите стипендистки програми и преку дуалната обука која компанијата активно ја поддржува.
„На почетокот на 2018 година сите вработени го прославија 5-тиот роденден на BHTC во Бугарија. Горди сме со односите и грижата кон секој член на тимот. Политиката на компанијата во однос на човечките ресурси вклучува сеопфатен социјален пакет, како и специјализирана воведна програма за ново примени вработени“, коментираа од друштвото.
Социјалната одговорност и општествената ангажираност на BHTC добија свое признание! 2018 година му донесе на бугарското друштво многу награди и признанија како во однос на деловните практики, така и во сферата на човечките ресурси. Компанијата беше наградена во категоријата „Големо претпријатие“ на „Наградите на германската економија во Бугарија“ и доби сертификат за приоритетен инвестициски проект. Бер-Хелла Термоконтрол беше меѓу финалистите на престижниот конкурс на списанието Forbes - Forbes Business Awards во категорија „Општествена дејност“, наградена беше во првите годишни награди Employer Branding во Бугарија во категорија „Employer Branding Project“ и ја грабна наградата од деветтото издание на пиар конкурсот BAPRA Bright Awards во категорија „Изградба на работодавачки бренд“.
Еве ги тековните слободни работни места:
- Шеф на смена - Производствена логистика, Излезна зона;
- Техничар Аналитичар;
- Електротехничар;
- Техничар за одржување;
- Design Engineers;
- Production Planning and Customer Service Representative;
- System Test Engineer;
- Supplier Quality Technician;
- Hardware Egineers;
- Software Engineer – Embedded SW Development.
Адреса: Бугарија, 2227 Божуриште, Индустриска зона Софија-Божуриште, ул. Рајна Касабова 8
Телефон: +359 2/999 88 41
E-mail: bulgaria@bhtc.com
Повеќе информации за Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ