In Bulgarian
Проширена стажантска програма за 2018 година објавија експертите за човечки ресурси на Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ. Компанијата е дел од Behr-Hella Thermocontrol, германски производител и лидер во областа на електрониката за автомобилски системи за климатизација. „Бугарската филијала се развива со брзо темпо. Затоа ги повикуваме сите млади специјалисти со професионални интереси во нашата сфера на дејност да се вклучат во нашите стажантски иницијативи“, коментираа за BalkanEngineer.com од BHTC.
Во врска со проширувањето на својата производствена база Бер-Хелла Термоконтрол го зголеми и бројот на стажантските места кои во 2018 година ќе очекуваат млади, амбициозни специјалисти во сите оддели на компанијата. Само во одделот „Механички дизајн“ постојат четири групи експерти - машински инженери, 3D дизајнери, оптичари и специјалисти за инженерска анализа.
Освен стажантски места, фирмата исто така огласи постојани слободни работни места за насока „Оптика“. Ние правиме сериозни инвестиции во подготовката на оптичарите, бидејќи тие се важен дел од нашиот тим. Нивната работа е вистински предизвик - тие ги комбинираат механиката и електрониката во инженерската дејност“, разјаснија од BHTC.
Стажирањето во компанијата трае помеѓу 3 и 6 месеци, во зависност од улогата и потребите на конкретниот студент се назначува ментор. Приемот на апликации е отворен непрекинато!
„Како релативно млад тим, сите ние во Бер-Хелла Термоконтрол имаме потреба од постојан пораст на квалификациите и акумулација на нови знаења и вештини. Нашите вработени редовно поминуваат обуки во различени насоки“, коментираа од компанијата и додадоа: „Ние постојано се обидуваме да го подобриме и социјалниот пакет што го нуди компанијата. Се трудиме да ги натераме нашите вработени да се чувствуваат високо ценети и мотивирани за да дадат од себе сé што е најдобро“.
Адреса: Бугарија, 2227 Божуриште, Индустриска зона Софија-Божуриште, ул. Рајна Касабова 8
Телефон: +359 2/999 88 41
E-mail: bulgaria@bhtc.com
Извор на фото материјал: Инженер.bg