BHTC: „Чесност и одговорност се личните квалитети кои ги цениме највисоко кај нашите вработени“

2018-12-183 мин.

In Bulgarian

 

„Чесноста и одговорноста се најважните лични квалитети кои Бер-Хелла Термоконтрол ги бара кај своите вработени“, изјавија од компанијата за BalkanEngineer.com. Бугарското друштво е дел од структурата на германскиот производител на електроника за клима системи за автомобилската гранка Behr-Hella Thermocontrol (BHTC) и во искрен разговор HR експертите споделија што е најважно, за да бидат вработените во компанијата вистински тим.

 

 

„Забележуваме зголемен интерес од страна на студенти и млади специјалисти во областа на автомобилските технологии кон можностите за развој на кариерата, што ги нудиме. Атрактивни се како дизајнерските активности, така и разработката на софтвер и хардвер“, коментираа од фирмата.

 

А тука се вредностите што најмногу ги вреднува BHTC:

 1. Чесност, одговорност и посветеност на работата; 

 2. Приспособливост и подготвеност за промена;

 3. Вештини за комуникација;

 4. Организација, точност, прецизност;

 5. Мотивација, интерес за учење нови работи и љубов кон работата;

 6. Проактивност, иницијатива и имагинација;

 7. Квалитети за тимска работа.

 

„Покрај чисто професионални знаења и вештини, тоа се личните квалитети кои го прават секој член на нашиот тим навистина уникатен. Човечкиот капитал е од исклучителна важност, затоа се трудиме да одржуваме социјални политики од највисоко ниво“, истакнаа во заклучокот од Бер-Хелла Термоконтрол.

 

 

Во 2018 година бугарската компанија започна големо проширување на своите производствени капацитети, при што ќе бидат отворени близу 150 нови работни места.

 

Еве ги тековните слободни работни места:

 - Шеф на смена - Производствена логистика, Излезна зона;

 - Техничар Аналитичар;

 - Електротехничар;

 - Техничар за одржување;

 - Design Engineers;

 - Production Planning and Customer Service Representative;

 - System Test Engineer;

 - Supplier Quality Technician;

 - Hardware Egineers;

 - Software Engineer – Embedded SW Development.

 

Адреса: Бугарија, 2227 Божуриште, Индустриска зона Софија-Божуриште, ул. Рајна Касабова 8

Телефон: +359 2/999 88 41

E-mail: bulgaria@bhtc.com

 

Повеќе информации за Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фото материјал: Инженер.bg