Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Нуди работа / Монтери на електронски компоненти

07/09/19 назад
Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ

Конкурирај

  • Бугарија
  • Софија
Монтери на електронски компоненти

Бер-Хелла Термоконтрол е германска компанија која се занимава со производство и развој на електроника за климатизери за автомобили. На глобално ниво компанијата обезбедува работа на повеќе од 1600 вработени кои работат во Германија, САД, Индија, Кина, Јапонија. Наши клиенти се водечки производители на автомобили во светот. Во 2013 година BНТС влезе и на бугарскиот пазар.

 

За потребите на нашата производствена база во Софија (на околу 250 километри од Скопје) бараме мотивирани и одговорни Монтери на електронски компоненти.

 

Главни обврски:

Работи на монтажна станица и составување на електронски панели за климатизери;

Ги почитува упатствата за работа и процедурите;

Ги почитува правилата и упатствата за квалитет;

Ги почитува правилата и упатствата за здрави и безбедни услови за работа;

Работи во 3 смени.

 

Барања:

Завршено средно образование;

Искуство во електронско производство ќе се смета за предност;

Вештини за тимска работа, добри комуникациски вештини;

Дисциплиниран, организиран и доверлив човек;

Подготвен за работа со смени. 

  • Техничар со средно образование
  • -
  • Полно работно време
  • Работа во смени
  • Со работно место

Конкурирај

hrbulgaria@bhtc.com

Види ги сите

Фирми

  • Лазатек ДООЕЛ

    Лазатек ДООЕЛ е друштво со дејност ремонт и модернизација на алатни машини со CNC, имплементација на технологии за обработка на детали на алатни машини со CNC, гарантно и пост - гарантно сервисирање, испорака на нови алатни машини и опрема. Фирмата поседува долгогодишно искуство и докажани традиции во областа на сервисната дејност. До овој момент таа извршила и се уште врши ремонт, модернизација и сервисирање на стотици машини, како на македонски, така и на странски клиенти.

  • Индустриски роботи ДООЕЛ

    Индустриски Роботи ДООЕЛ е компанија формирана со цел да го помогне индустриското производство со воведување на автоматизирани и роботизирани системи. Друштвото е специјализирана за продажба, инсталирање и програмирање на половни роботи поминале низ потребната проверка, поправка и сервисирање. Во својот најголем дел половните роботи не го завршиле својот животен циклус, а се заменуваат со понови верзии, поради брзиот развој на софтверските технологии.

  • Орбико - Македонија

    Орбико Македонија е макро дистрибутер на производи за подмачкување Shell Lubricants на македонскиот пазар. Фирмата нуди широк спектар на производи за подмачкување Shell: висококвалитетни моторни, трансмисиски, хидраулични, редукторски, компресорски, турбински и други масла и масти кои помагаат за продолжување на животниот век на машините, зголемување на меѓу - ремонтниот ресурс и намалување на трошоците за одржување.

Види ги сите »