РС Електро ДООЕЛ е трговска компанија специјализирана за увоз и трговија на високопрецизна опрема за тестирање и мерење на глобалниот производител BAUR GmbH. Со своите иновативни, висококвалитетни и сигурни решенија и технологии, компанијата се докажа како стабилен и доверлив партнер на индустријата ширум светот.
Во зависност од намената, РС Електро нуди производи и системски решенија во следните категории:
- Лоцирање на кабелски дефекти
Уредите и системите на BAUR за откривање на кабелски дефекти го покриваат целиот процес на лоцирање на дефектот - од првичната анализа, преку точно одредување на местото на дефектот, до најпрецизна идентификација на дефектниот кабел.
Асортиманот на производи за откривање на кабелски дефекти вклучува системи за прецизно лоцирање, системи за идентификација на кабли, системи за следење со аудио фреквенција, уреди за тестирање на кабелската обвивка и лоцирање на дефектите, преносни рефлектометри, кабелски локатори, предаватели на аудио фреквенција, генератори на ударен напон, трансформатори на прогорување и други.
- Тест и дијагностика на кабли
Портфолиото на BAUR ги покрива сите важни барања на мрежните оператори во однос на технологиите за тестирање и дијагностика на среден напон. За успешно пуштање во работа на подземни кабелски траси или планирање на поправки се потребни сигурни уреди за тестирање.
- Системи и возила за тестирање на кабли
Возилата и системите на BAUR се брзо и сигурно решение за справување со прецизното лоцирање на кабелски дефекти, тестирање на нови кабелски траси и дијагностика на постојни траси.
Возила за тестирања и системите на компанијата се од најнова генерација, опремени со најсовремени и модерни технологии за лесно, недеструктивно и прецизно тестирање и дијагностика на кабелски мрежи.
- Тестирање на изолационо масло
Поради примеси и стареење, изолационите материјали со текот на времето ги губат своите изолациони и ладилни својства. Тестирањето на изолационите материјали е законски пропишано и регулирано со национални и меѓународни стандарди.