In Bulgarian
Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ го отвори проширувањето на својата производствена база во Бугарија. Инвестицијата изнесува 31,6 милиони лева, при што двојно ќе го зголеми производствениот капацитет и ќе отвори 400 нови работни места до 2022 година, соопштија за BalkanEngineer.com од компанијата.
Проширувањето на BHTC вклучува 7500 м2 од кои 2200 м2 магацини, технички зони, канцеларии и лаборатории.
Томас Шулте, главен извршен директор на Behr-Hella Thermocontrol, пристигна на официјалното отворање. Тој и извршниот директор на BHTC Бугарија, г-дин Мартин Ниланд ја пресекоа лентата на новиот производствен дел од фабриката.
„Технолошките можности дозволуваат при целосно оптоварување во проширувањето да бидат создадени 150.000 уреди неделно или над 7 милиони годишно. Многу е вредно што отвораме уште повеќе од 250 работни места. Со новите вработени, тимот на BHTC Бугарија надминува 700 луѓе – шест пати повеќе од 2013 година, кога компанијата започна работа во Бугарија“, изјави г-дин Мартин Ниланд.
Еве ги тековните слободни работни места:
- Монтери на електронски компоненти;
- Техничар Аналитичарм;
- Advanced Quality Planning Specialist;
- Production Planning and Customer Service Representative;
- Техничар за одржување;
Адреса: Бугарија, 2227 Божуриште, Индустриска зона Софија-Божуриште, ул. Рајна Касабова 8
Телефон: +359 2/999 88 41
E-mail: bulgaria@bhtc.com
Повеќе информации за Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ