Решенија
-
BHTC го отвори проширувањето на своето производство во Бугарија
Бер-Хелла Термоконтрол го отвори проширувањето на својата производствена база во Бугарија. Инвестицијата изнесува 31,6 милиони лева, при што двојно ќе го зголеми производствениот капацитет и ќе отвори 400 нови работни места до 2022 г. Проширувањето на BHTC вклучува 7500 метри квадратни од кои 2200 метри квадратни магацини, технички зони, канцеларии и лаборатории. Томас Шулте, главен извршен директор на BHTC, пристигна на официјалното отворање. Тој и извршниот директор на BHTC Бугарија, г-дин Мартин Ниланд ја пресекоа лентата на новиот производствен дел од фабриката.
2019-07-29Прочитај ја статијата
-
КМТ Сервис: Супер здравите производи Handheld ја направија мисијата можна за Том Круз и компанија
Барем еднаш сте се прашувале каква „опрема од други планети“ се користи во акционите филмови - дали е вистинска, како пак е толку издржлива ... Па, денес ќе ви ја кажеме тајната! Во шестиот филм од серијата „Невозможна мисија“ – „Распаѓање“ таблетите и уредите што ги користат актерите се сосема реални и се на шведскиот производител Handheld. „Производите на Handheld се ултра здрави. Освен за индустриска намена, тие се исто така многу погодни за снимање на филмови“, раскажаа од КМТ Сервис ДООЕЛ.
2019-07-26Прочитај ја статијата
-
Заштедете време и средства со услугата за висококвалитетно обработување на лимови на Мултиинженеринг
Со својата висококвалитетна услуга за виткање и/или сечење на лимови фирма Мултиинженеринг им помага на своите клиенти значително да го намалат времето на технолошките операции. „Проектите се реализираат во рок и според доставен цртеж од страна на клиентот, а во отсуство на таков, нашиот искусен и висококвалификуван тим може да помогне со конструирањето на детали, изработката на цртежи и 3D моделирање на производот“, соопштија за BalkanEngineer.com од ЕТ Мултиинженеринг.
2019-07-25Прочитај ја статијата
-
АББ Бугарија е рангирана меѓу топ работодавачи според студентите во Бугарија
АББ Бугарија ДООЕЛ, дел од структурата на АББ, лидер во дигиталните технологии за индустријата, е рангирана меѓу првите 20 најпосакувани работодавачи за 2019 година од страна на бугарските студенти, соопштија за BalkanEngineer.com од бугарската компанија. Истражувањето Graduate Survey се спроведува од ToTheTop Agency веќе трета година по ред, а неговата цел е да рангира 50 бугарски компании во кои студентите преферираат да го започнат својот професионален пат. Учество во анкетата зедоа повеќе од 8200 студенти од Бугарија и од странство.
2019-07-24Прочитај ја статијата
-
Заштеда на енергија и подобрување на климата со ниска инвестиција благодарение на i-Tronic/R-Tronic на Oventrop
Подобрување на микроклимата во одредена просторија и заштеда на енергија, постигната со ниска инвестиција. Дали е можно? Да, со уредите i-Tronic и R-Tronic на Oventrop. Микроклимата во една просторија се определува од температурата, релативната влажност и содржина на CO2 во воздухот. Микроклимата во една просторија се определува од температурата (°C), релативната влажност (RH, релативна влажност во %) и содржина на CO2 (во ppm, делови на милион) во воздухот.
2019-07-23Прочитај ја статијата
-
Погледнете како му поминува еден работен ден на Георги Жеков, инженер-технолог во Либхер-Хаусгерете Марица
Ако мислите дека секојдневниот живот на инженерите е досаден и „сув“, ние во BalkanEngineer.com сме подготвени да Ве побиеме. Работниот ден на инженерите воопшто, ама воопшто не е лишен од возбуда и инспирација. Ние ви даваме уште еден доказ за ова – имено, инженер Георги Жеков од Либхер-Хаусгерете Марица ДООЕЛ, чија млада возраст и сè уште скромен работен стаж не се препрека тој да наоѓа задоволство во професијата што ја избрал. Да погледнеме зошто ...
2019-07-22Прочитај ја статијата
-
Вени и Ко од MachTech & InnoTech: Разработуваме високопродуктивни магацински машини повеќе од 25 години
Следното издание на меѓународниот технички форум MachTech & InnoTech е веќе во историјата. Голем број етаблирани компании ги презентираа своите најнови иновации и решенија во помош на индустријата, а веќе петта година по ред меѓу нив беше и бугарската компанија Вени и Ко ДОО. Значи, ако опремата за подигнување на товари е алка од синџирот и на вашата активност, но не сте биле во можност да го посетите нивниот штанд за време на MachTech, денес ќе ви раскажеме, кои беа главните акценти на нивната презентација.
2019-06-18Прочитај ја статијата
-
Индустриски Роботи го претстави коботот Elfin5 пред експертскиот аудиториум на MachTech & InnoTech 2019
Деби за Индустриски Роботи ДООЕЛ на MachTech & InnoTech во 2019 година! За време на своето прво учество на големиот технички форум докажаната бугарска компанија специјализирана во обезбедување на роботизирани решенија го претстави Elfin5, дел од палетата колаборативни роботи на кинескиот производител Han's Robots. „Целта ни е да запознаеме специјалисти од различни сектори на производството со можностите на колаборативите роботи Elfin“, коментира инж. Николај Георгиев.
2019-06-17Прочитај ја статијата
-
Хибриден автономен фотоволтаичен систем од Филкаб Солар напојува винарски имот
Филкаб Солар е докажана бугарска компанија специјализирана за обезбедување на комплетни технички решенија од областа на обновливите извори на енергија и дел од групацијата Филкаб. „Нашите специјалисти имаат големо искуство во инсталирањето на фотоволтаични системи, а уште еден пример за тоа е изградбата на хибриден автономен систем со максимална моќност од 29.9 kWp за напојување на винарски имот во село Горица, општина Поморие, Бугарија“, споделија пред BalkanEngineer.com од МаккаБ ДООЕЛ.
2019-06-13Прочитај ја статијата
-
КМТ Сервис: Првиот неинвазивен ултразвучен мерач на проток за криогенски флуиди на Flexim работи до -190 °С
Што го прави светот на технологијата толку возбудлив? Според наше мислење, тоа е бесконечната можност за откривање на нови и нови факти, начини, процеси. На истото мислење се и специјалистите од КМТ Сервис ДООЕЛ. „Усовршувањето на техниката и се поиновативните технолошки решенија се меѓу причините за прогрес и развој. Затоа сме горди да објавиме дека меѓу производите на нашиот партнер Flexim е првиот неинвазивна ултразвучен мерач на проток за криогенски флуиди Fluxus cryo“, соопштија од КМТ Сервис.
2019-06-12Прочитај ја статијата