Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Погледнете како му поминува еден работен ден на Георги Жеков, инженер-технолог во Либхер-Хаусгерете Марица

22 july 2019

In Bulgarian   In Serbian

 

Ако мислите дека секојдневниот живот на инженерите е досаден и „сув“, ние во BalkanEngineer.com сме подготвени да Ве побиеме. Работниот ден на инженерите воопшто, ама воопшто не е лишен од возбуда и инспирација. Ние ви даваме уште еден доказ за ова имено, инженер Георги Жеков од Либхер-Хаусгерете Марица ДООЕЛ, чија млада возраст и сè уште скромен работен стаж не се препрека тој да наоѓа задоволство во професијата што ја избрал. Да погледнеме зошто ...

 

Дали сакате да им се претставите на читателите на BalkanEngineer.com?

 

Се викам Георги Костадинов Жеков и сум инженер-технолог во Либхер-Хаусгерете Марица, задолжен за делот „Финална монтажа“ или, со други зборови, финалното зглобување на уредот.

 

Колку долго веќе работите во компанијата?

 

На неопределено време работам веќе две и пол години, но пред тоа поминав неколку стажирања во Либхер.

 

Дипломирав на Германскиот факултет кон Техничкиот универзитет во Софија и еден од условите за да добијам германска диплома беше да имам стаж во компанија од германското јазично подрачје. Го избрав Liebherr поради имиџот на компанијата во меѓународни димензии и флексибилните можности за развој во кариерата што ги нудат. Така започна мојата практика во германскиот град Оксенхаузен.

 

Во Либхер-Хаусгерете Марица при што се приклучив во нивната програма за стипендии.

 

Како започнува Вашиот работен ден?

 

Прво ги разгледувам задачите за денот, си правам план, потоа пијам кафе и почнувам да работам.

 

Кои се главните активности што ги извршувате секојдневно?

 

Тешко е да се дефинираат секојдневните активности за мојот вид на работа. Задачите воопшто не се исти. Ако на пример, има нов модел на фрижидер, се прави концепт низ кои области треба да помине уредот. Ако наидуваме на препреки во некоја област, исто така треба да го најдеме соодветното решение за да може конечно да го произведеме соодветниот уред.

 

Зошто ви се допаѓа Вашата работа и позицијата што ја заземате?

 

Моите задачи се различни секој ден, и секоја од нив ме мотивира да се развивам како инженер.

 

Што си велите на крајот на работниот ден?

 

На крајот на работниот ден едноставно заборавам на работата. Буквално „се исклучам“ – така успевам на следното утро да се вратам во процесот целосно одморен и со уште поголем ентузијазам.

 

За Бугарија, друштвото бара да приклучи кон својот тим специјалисти за следните позиции:

 

 - Координатор за обука и врска со сервисни партнери;

 - Графички дизајнер во оддел Проектирање на машини;

 - Производствен инженер/Tехнолог;

 - Инженер Инсталации за климатизација;

 - Конструктор во оддел Конструкторски.

 

Адреса: 4202, Бугарија, Радиново, област Пловдив, индустриска зона Марица

Телефон: 00 359 32/615 414

Е-mail: lhm_jobs@liebherr.com

 

Повеќе информации за Либхер-Хаусгерете Марица ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фото материјал: Инженер.bg

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »