Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Нуди работа / Координатор за обука и врска со сервисни партнери

07/08/19 назад
Либхер-Хаусгерете Марица ДООЕЛ

Конкурирај

  • Бугарија
  • Пловдив
Координатор за обука и врска со сервисни партнери

„ЛИБХЕР-ХАУСГЕРЕТЕ МАРИЦА“ ДООЕЛ е дел од меѓународниот концерн „ЛИБХЕР“. Компанијата припаѓа на индустријата за бела техника, која е лидер во секторот. Во нашата фабрика во Пловдив работат повеќе од 1900 вработени. Нашето производството опфаќа широк спектар на фрижидери и фризери со квалитет на светско ниво, за кои имаме пазари и клиенти.

 

Производствената база и канцеларија се наоѓаат во град Пловдив, на околу 150 километри од Софија, Бугарија, или на околу 380 километри од Скопје.

 

Координатор за обука и врска со сервисни партнери

 

Главни обврски:

  • Ги координира, поддржува, обучува и контролира сервисните техничари во рамките на соодветниот реон за сите прашања во врска со сервисното послужување
  • Создава личен контакт преку посети на лице место;
  • Извршува дијагностика во и надвор од гарантниот период;
  • Дефинира мерки за решавање на сите проблеми што се појавуваат;
  • Обработува документација од рекламации;
  • Врши тестови на уреди;
  • Го контролира и обезбедува квалитетот на услугата;
  • Спроведува обуки и посети на лице место.

 

Барања:

  • Средно или високо техничко образование со предност во областа на електротехниката и топлинската техника;
  • Искуство во послужување на фрижидери и фризери;
  • Владеење на англиски јазик - писмен и устен со минимално ниво В2 согласно европската јазична рамка;
  • Искуство во пренесување на знаења во областа на ладилната техника;
  • Изразена способност за комуникација и тимска работа.

 

Предност:

  • Владеење на германски јазик.

 

Ние ви нудиме:

  • Строго почитување на договорите меѓу страните;
  • Обуки поврзани со подобрување на ефикасноста во извршувањето на работните обврски;
  • Здрави и безбедни работни услови;
  • Внатрешни деловни односи врз основа на утврдени правила и процедури;
  • Дополнително здравствено осигурување;
  • Социјални бенефиции.

 

Потребни документи:

  • Автобиографија 

 

Првичниот избор ќе се одвива според документи. Ќе контактираме само со одобрените кандидати. Ние гарантираме целосна доверливост на Вашата апликација. Обезбедените податоци се лични во смисла на ЗЗЛП и се предмет на посебен режим на заштита.

  • Дипломиран инженер
  • Инженер-магистер
  • Техничар со средно образование
  • Електроинженер
  • Машински инженер
  • Полно работно време
  • Со работно место

Конкурирај

lhm_jobs@liebherr.com

Види ги сите

Фирми

  • Мега Инженеринг ДОО

    Мега Инженеринг ДОО проектира, изработува, имплементира системи и средства за автоматизација на технолошките процеси во претпријатија кои работат во областа на прехранбена, хемиска, биотехнолошка, машинска и инженеринг индустрија. Применува индустриски системи и средства за регулација на температура, притисок, влажност, проток, потрошувачка, ниво и концентрација, системи за дозирање, како и системи за управување од високо ниво.

  • Метал Технолоџи Групација АД

    Групација Технологија на металите - Ангел Балевски Холдинг АД е формиран во 1997 година и во неговиот состав влегуваат 3 водечки бугарски леарници: Осам АД во град Ловеч, Алуком АД во град Плевен и Центромет АД во град Враца. Секоја од фабриките на Холдингот има долга историја, докажани традиции и искуство во металуршкиот сектор. Слоганот на фирмата „Една Групација - Многу Можности“ ги претставува обединетите можности и услуги кои ги нудат производствените фабрики на своите клиенти и партнери.

  • Мелексис Бугарија ДООЕЛ

    Мелексис Бугарија е дел од структурата на светскиот лидер во развојот и производството на микроелектронски компоненти за индустријата и автомобилската индустрија Melexis. Глобалната фирма е присутна во 12 земји во светот – Бугарија, Белгија, Германија, Украина, САД, Италија, Франција, Швајцарија, Кина, Јапонија, Филипини, Малезија.

Види ги сите »