Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Нуди работа / Инженер Инсталации за климатизација

03/18/19 назад
Либхер-Хаусгерете Марица ДООЕЛ

Конкурирај

  • Бугариjа
  • Пловдив

Либхер-Хаусгерете Марица ДООЕЛ е дел од меѓународниот концерн "ЛИБХЕР". Компанијата припаѓа на индустријата за бела техника, која е лидер во секторот.

 

Од своето основање во 2000 година фирма „ЛИБХЕР - ХАУСГЕРЕТЕ МАРИЦА“ ДООЕЛ инвестира над 220 000 000 лева во своите производствени и логистички центри, во континуирана модернизација и проширување, во развој и зголемување на квалификациите на персоналот.

 

Супериорниот квалитет и дизајн на нашите производи постојано се потврдуваат од независни институции. Досега компанијата е одликувана 3 пати со наградата „Инвеститор на годината“, а во рамките на наградите Plus X Awards.  „ЛИБХЕР“ постојано е избирана за „Специјализирана трговска марка“. Во нашата фабрика во Пловдив работат повеќе од 1900 вработени. Нашето производството опфаќа широк спектар на фрижидери и фризери со квалитет на светско ниво, за кои имаме пазари и клиенти.

 

Производствената база и канцеларија се наоѓаат во град Пловдив, на околу 150 километри од Софија, Бугарија, или на околу 380 километри од Скопје. 

 

ИНЖЕНЕР ИНСТАЛАЦИИ ЗА КЛИМАТИЗАЦИЈА

во Оддел за лабораторија

 

БАРАЊА:

- Високо техничко образование - во областа на ладилната техника или машиноградбата.

- Многу добри компјутерски вештини - MS Office.

- Добро владеење на германски или англиски јазик - минимум В1 според европскиот јазичен систем;

 

ГЛАВНИ ОБВРСКИ:

- Ги подготвува и остварува спроведувањето на тестовите за стандардизација на готовите производи.

- Учествува во развој, тестирање и имплементација на нови производствени производи.

- Ги обработува и ги анализира добиените експериментални резултати.

 

НИЕ ВИ НУДИМЕ:

- Строго почитување на договорите помеѓу страните;

- Обуки поврзани со подобрување на ефикасноста во извршувањето на работните обврски;

- Здрави и безбедни работни услови;

- Внатрешни односи во фирмата врз основа на воспоставени правила и процедури;

- Дополнително здравствено осигурување;

- Социјални бенефиции.

 

Потребни документи:

- Автобиографија и мотивационо писмо.

 

Првичниот избор ќе се одвива врз основа на документи. Ние  ќе ги контактираме само одобрените кандидати. Ние гарантираме целосна доверливост на Вашата апликација. Обезбедените податоци се лични во смисла на ЗЗЛП и се предмет на посебен режим на заштита.

  • Дипломиран инженер
  • Инженер-магистер
  • вентилација и климатизација
  • Инженер за греење
  • Машински инженер
  • Полно работно време
  • Со работно место

Конкурирај

lhm_jobs@liebherr.com

Види ги сите

Фирми

  • Мари Бентц

    Мари Бентц е докажана производствена фирма во областа на индустриската вагарска мерна техника. Компанијата е производител на автомобилски ваги, железничка ваги, кранови ваги, платформски ваги, ваги за определување на цени, лабораториски ваги, давачи за притисок, вагарска електроника, индустриски системи за мерење на тежина, системи за идентификација и комплексни инженеринг решенија во сферата на вагарското мерење.

  • Адара Инженеринг ДООЕЛ

    Адара Инженеринг ДООЕЛ е докажана европска трговска инженеринг компанија со дејност во областа на вакуум – пумпи и системи, водни пумпи и пумпни системи, специјални пумпи и ниско и средно напонска автоматика. Компанијата е официјален застапник за територијата на Македонија на германската компанија BUSCH – европски лидер на вакуум – пумпи и системи.

  • Вени и Ко ДОО

    Основано во 1992 година, друштвото ВЕНИ и Ко е специјализирано за проектирање, производство и реализација на магацински машини и помошни средства кои ја елиминираат или олеснуваат физичката работа при работа во магацини и вршење на активности при утовар - истовар. Во моментот се реализирани над 4400 парчиња магацински машини во Бугарија, Македонија, Србија, Романија и др.

Види ги сите »