In Bulgarian
Деби за Индустриски Роботи ДООЕЛ на MachTech & InnoTech во 2019 година! За време на своето прво учество на големиот технички форум докажаната бугарска компанија специјализирана во обезбедување на роботизирани решенија го претстави Elfin5, дел од палетата колаборативни роботи на кинескиот производител Han's Robots, како и грипер за палетизирање на кеси и вреќи - сопствена разработка. „Целта ни е да запознаеме специјалисти од различни сектори на производството со можностите на колаборативите роботи Elfin, но и со други решенија од нашето портфолио“, коментира за BalkanEngineer.com инж. Николај Георгиев, управител на фирмата.
Elfin5 е средниот по големина од трите коботи во палетата. Неговата носивост е 5 кг и работниот радиус е 800 милиметри. Покрај сите предности на колаборативните роботи Elfin нуди високо флексибилни можности, при што може да се инсталира било каде и под секаков агол.
„Моделот e погоден за мали серии, при што обезбедува брзо штелување и лесно управување“, коментира уште инж. Георгиев, додавајќи: „Тој може да биде лесно обучен, само треба да се премести крајот на неговата рака до саканата позиција или бараната траекторија што заштедува време за програмирање. Всушност, за само 10 минути можете да создадете лесна програма за земање и поставување“.
Коботите од серијата од Elfin се користат во:
- Индустриското производство: ја зголемуваат продуктивноста и гарантираат континуитет на производството при операции како редење, заварување, лепење, бојадисување, контрола на квалитетот и др.;
- Медицината: благодарение на својата прецизност и стабилност, коботите можат да одговорат на потребите на медицината при операции;
- Далечинска дијагностика: Elfin гарантира точно далечинско управување врз основа на EtherCAT;
- Услуги, образование, истражувања.
Адреса: Бугариjа, Софија 1362, ул. „Трајан Танев“ 97
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Инженер.bg