Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

КМТ Сервис: Супер здравите производи Handheld ја направија мисијата можна за Том Круз и компанија

26 july 2019

In Bulgarian

 

Барем еднаш сте се прашувале каква „опрема од други планети“ се користи во акционите филмови - дали е вистинска, како пак е толку издржлива ... Па, денес ќе ви ја кажеме тајната! Во шестиот филм од серијата „Невозможна мисија“ – „Распаѓање“ таблетите и уредите што ги користат актерите се сосема реални и се на шведскиот производител Handheld. „Производите на Handheld се ултра здрави. Освен за индустриска намена, тие се исто така многу погодни за снимање на филмови“, за BalkanEngineer.com раскажаа од КМТ Сервис ДООЕЛ, партнер на Handheld.

 

 

Нема да обрнуваме внимание на заплетот, ниту пак на веќе познатиот актерски состав, во кој блескаат ѕвезди како Том Круз, Ребека Фергусон, Алек Болдвин и други. Вистинските познавачи знаат дека, колку фасцинантна и забрзана да е акцијата, вистинскиот успех на снимките лежи во деталите. Значи, ако сте доволно набљудувачки, ќе забележите дека бар код скенерот Nautiz X4 се користи за време на настанот Paris Grand Palais, а со него француската полиција го следи и сообраќајот во филмот.

 

 

„Nautiz X4 е сигурно решение за да ви помогне да ја надминете тешката работна средина. Уредот е мобилен, со тежина од само 330 грама, со екран на допир, 5MP камера со авто фокус и LED блиц. Можете да користите Nautiz X4 при силен дожд, силна сончева светлина, магла или прашина, а кога ќе завршите, само исплакнете и соберете“, објаснија од КМТ Сервис.

 

Се враќаме кон „Невозможна мисија 6“ за да го пронајдеме и таблетот Algiz 10X на сцена, снимена во Лондон. Супер здравиот индустриски таблет нуди софистицирана технологија и може да издржи неповолни временски услови и груби работни средини. Работи со моќниот quad-core процесор Intel, со 128 GB SSD, со проширување со microSD и 4GB DDR3 RAM меморија.

 

 

„Производите Handheld се развиени исклучиво за екстремни работни средини, па можете едноставно да ги оставите да ја завршат работата, додека вие ја вршите вашата. Мисијата е веќе можна“, коментираа со насмевка од КМТ Сервис.

 

Адреса: Бугарија, Софија 1303, ул. „Средна Гора“ 89

Телефон: +359 888 781 788

Е-mail: kmt.servicebg@gmail.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фото материјал: КМТ Сервис ДООЕЛHandheld, IMDb.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »