Решенија
-
КМТ Сервис е веќе официјален партнер на шведски производител на индустриски телефони и компјутери
КМТ Сервис објави уште едно ново партнерство – со шведската компанија Handheld, специјализирана за производство на мобилни компјутери и телефони со голема цврстина, наменети да издржат различни тешки услови. „Производите на Handheld се со гарантирана висока ефикасност на работа, а нивната отпорност на ударни оптоварувања и влијанија е главен приоритет“, соопштија за BalkanEngineer.com од компанијата, благодарение на која Handheld влегува на бугарскиот пазар.
2019-05-22Прочитај ја статијата
-
Мега Инженеринг: „Разработуваме решенија за контрола на производствените процеси во керамичката индустрија“
Во современиот свет керамиката далеку ја надминува сферата на занаетчиството, претворајќи се во сериозен индустриски сектор, а сериозни се барањата кон производите во однос на карактеристики како квалитет, цврстина, отпорност, и тн. „Основна улога за постигнување на добри технички карактеристики на производите игра правилното одвивање на одделните фази во производството и најмногу контролата врз нив“, коментираа за BalkanEngineer.com од фирма Мега Инженеринг ДОО.
2019-05-21Прочитај ја статијата
-
Инж. Константин Костадинов од MTG: „Работата во Алуком ме предизвикува да учам нови работи секој ден“
Инж. Константин Костадинов е технолог во погон Леарница на една од фабриките на докажаниот бугарски производител на метални одлеаноци Метал Технолоџи Групација АД – Алуком во град Плевен. Како поминува еден негов работен ден во фабриката? Што ново претстои? Како ќе помине стажантската програма 2019 во Алуком?
Дознајте од ексклузивниот разговор на тимот на BalkanEngineer.com со инж. Костадинов во следните редови ...2019-05-20Прочитај ја статијата
-
Автоматизирана производствена линија за обланди е еден од успешно реализираните проекти од Мултиинженеринг
ЕТ Мултиинженеринг е докажано име меѓу производителите на транспортери со ленти и комплетни транспортни системи од челик. Компанијата има повеќе изведени проекти, меѓу кои е и разработувањето и имплементацијата на високопродуктивна автоматизирана производствена линија за обланди. Разработената од Мултиинженеринг производствена линија за обланди вклучува систем од транспортери со каиши, уред за мачкање на крем, серпентински кулер, систем од транспортери, лифт, уред за разредување и ладилен тунел.
2019-05-17Прочитај ја статијата
-
Баланс вентили на Oventrop обезбедуваат подобра работа на климатската опрема во рудник за бакар во Полска
Рудникот за бакар во полскиот град Рудна, отворен во 1974 година, е најголемиот и најпрофитабилниот рудник во полскиот бакарен појас. Тој е во сопственост на компанијата Gorniczo-Hutniczy-Polska Miedz, која во моментов работи под трговското име KGHM. Основана на 1 мај 1961 година првично како рударско-металуршки комбинат, денес компанијата се етаблира како една од водечките во меѓународен план во областа на рударството и преработката на благородни метали.
2019-05-16Прочитај ја статијата
-
Мелексис Бугарија одржа „Ден на отворените врати“
На 23 и 24 април 2019 година лидерот во развојот и производството на микроелектронски компоненти за индустријата и автомобилската индустрија Мелексис Бугарија ДООЕЛ одржа „Ден на отворените врати“, информираа од компанијата. Мелексис Бугарија е дел од глобалната компанија Melexis. Во Бугарија се наоѓа најголемата база за развој, производство, тестирање и продажба на високо-технолошки интегрирани кола, сензори и системи на глобалната група. За сите млади и амбициозни студенти и специјалисти кои го бараат најдоброто за себе, од Мелексис Бугарија организираа посета во својата база во град Софија.
2019-04-25Прочитај ја статијата
-
СолТех го прослави својот 10-годишен јубилеј со томбола и семинар за време на саемот MachTech 2019
Во 2019 година меѓу докажаните компании-учесници на саемот MachTech & InnoTech Expo, со својата темелна специјализација во автоматизацијата и дигитализацијата на индустриското производство, повторно беше фирма СолТех ДООЕЛ. Салите на Интер Експо Центар – Софија, Бугарија, отворија врати за специјализираниот форум од 15 до 18 април, а на штанд А7 во сала 3 специјалистите на Солтех открија пред гостите какви се клучните предности на Индустрија 4.0.
2019-04-24Прочитај ја статијата
-
Адара Инженеринг: Системот Oxiperm Pro обезбедува еден од „најнежните" пристапи во борба против Легионела
Хотели, болници, спортски објекти, базени, спа центри, станбени и јавни згради – се грижиме насекаде водата што ја користиме да биде чиста, да ги исполнува потребните хигиенски барања и истовремено да е со добар вкус и без мирис и боја. Но, како може ова да се направи, имајќи предвид дека имено водата е најлогично место за развој на живи организми. Одговорот го дава етаблираната бугарска компанија Адара Инженеринг ДООЕЛ, специјализирана во секторот за опрема за вода и канализација и индустријата.
2019-04-23Прочитај ја статијата
-
BHTC освои награда во категорија „Големо претпријатие“ на „Наградите на германската економија во Бугарија“
На 24 јануари 2019 година се одржа официјалната церемонија за доделувањето на „Наградите на германската економија во Бугарија“. Водечкиот производител на системи за климатизација во автомобилската гранка Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ беше со цели две номинации од престижните награди, при што на крајот на празничната вечер фирмата си замина со награда во категоријата „Големо претпријатие“, соопштија за BalkanEngineer.com од бугарското друштво.
2019-04-22Прочитај ја статијата
-
АББ Блгарија: Технологиите на ABB го помагаат човечкиот потенцијал во услови на современата технологија
Степенот на развој на автоматизацијата денес значи подобри и со поголема важност работни места за луѓето. За да се постигне ова, сепак е потребен координиран пристап кон образованието и обуката кои да обезбедат максимална употреба на можностите за брз развој на технологиите за автоматизација на процесите. Денес светот не се стреми кон иднината, бидејќи веќе живее во неа. Развојот на интелигентни технологии како роботиката, или пак такви кои користат ВИ, веќе не значи само автоматизација на конвеерот.
2019-04-19Прочитај ја статијата