Решенија
-
Уред за корекција на волумен на гас CF500 од Унисист Инженеринг
Уред за корекција на волумен на гас од тип 1 што може да се конфигурира како T, PT или PTZ коректор – ви го претставуваме CF500 – разработка на бугарската компанија Унисист Инженеринг ДООЕЛ, специјализирана за производство на системи од областа на автоматизацијата и метрологијата. Уредот е нова генерација коректор за волумен, специјално наменет за постигнување на високо ниво на продуктивност, благодарение на моќна електронска опрема. CF500 е проектиран да го пресметува волуменот на гас при основни услови, врз основа на волумен под условите на мерење, температурата, притисокот и компресибилноста.
2019-11-20Прочитај ја статијата
-
Wilo Smart Factory обезбедува средина за креативност, ориентирана кон работа според стандардите на Индустрија 4.0
Ултра модерната фабрика на иднината на Wilo беше официјално отворена со симболична церемонија. „Сместена на 55 000 метри квадратни, „паметната“ фабрикат опфаќа развојна единица и производствени сали кои ги исполнуваат стандардите на Индустрија 4.0. Вистинската работа во неа започнува сега, во октомври“, соопштија од Wilo Претставништво Скопје. По 36 месеци изградба, новата фабрика на Wilo беше отворена во присуство на повеќе од 80 учесници во амбициозниот проект.
2019-11-19Прочитај ја статијата
-
Највисоката зграда во Полска е со оптимален хидрауличен баланс. Благодарение на Oventrop
Импресивна и шармантна, Sky Tower е највисоката зграда во Полска. Сместена е во срцето на град Вроцлав. За оптималниот хидрауличен баланс на системите за одржување на микроклимата во големата зграда се грижат „паметните“ инсталации на Oventrop. Интелигентната интеграција на различни системи, развиени од страна на технолошката компанија, овозможува автоматски да се следат микроклиматските параметри во целата зграда – од приземните простории дури до 51-от кат во облаците.
2019-11-18Прочитај ја статијата
-
Мултиинженеринг со нов реализиран проект на транспортер со ротациони маси во Фортекс Нутрасјутикалс
Бугарската компанија Мултиинженеринг е докажан производител на транспортери и целосни транспортни системи. Тимот на компанијата е горд на се повисокиот квалитет на понудените услуги и успешна соработка со странските партнери. „Затоа сведочи зголемениот број наши клиенти, како во Бугарија, така во странство. Една од нашите неодамнешни реализации е транспортер со ротациони маси за Фортекс Нутрасјутикалс“, соопштија за BalkanEngineer.com од канцеларијата на Мултиинженеринг.
2019-11-15Прочитај ја статијата
-
Сенка Рајковиќ од Стам Лтд: Се населив во Бугарија заради љубовта кон креативноста во инженерската работа
Да се судриш со нов јазик и нови правила, да го изодиш патот на „странец“, да останеш заради стремежот кон креативност во инженерската работа, да го бркаш извршувањето на амбициозните планови и да се усовршуваш секој ден. Ова е авантурата на Сенка Рајковиќ од Ниш, Србија. Во рубриката „Еден работен ден на ...“ денес ќе ви раскажеме кои се предизвиците во секојдневниот живот на архитект по образование и инженер по вокација и како и поминува нејзиниот работен ден во Стам Лтд.
2019-10-31Прочитај ја статијата
-
B2N: Да го пречекаме S5 Pro Bundle – најновиот член во семејството на Ultimaker
Како би можеле видливо да ја зголемите продуктивноста и безбедноста при 3D печатењето? Со Ultimaker S5 Pro Bundle – коментираат од фирма B2N. „3D печатачот на производителот Ultimaker е уникатно производствено решение кое наоѓа одговор на предизвиците на 3D печатењето со користење на проширен спектар на материјали. На овој начин на инженерите и дизајнерите им се дава поголема слобода да се фокусираат на својата работа“, појаснија за BalkanEngineer.com од бугарската компанија.
2019-10-30Прочитај ја статијата
-
Индустриски Роботи: Робот или Кобот? Откријте ги разликите!
Концептот на колоборативните роботи, или накратко наречени „коботи“, се појави во 1995 година како дел од истражувачки проект предводен од фонд на General Motors. Називот доаѓа од можноста на овој вид роботи да работат заедно со луѓе во иста производствена зона. Дотогаш, традиционалниот робот во автомобилската индустрија е задолжително сместуван во изолирана и обезбедена ќелија и работи самостојно. Главната идеја на проектот е да се создадат роботи кои можат да работат безбедно заедно со луѓето. Денес коботите го најдоа своето место не само во разни индустрии, туку и во свеста на луѓето.
2019-10-29Прочитај ја статијата
-
Инж. Јорданов од Melexis Бугарија: „Да си Lean инженер, значи постојано да учиш и да се развиваш“
Што е Lean инженер? Која е мисијата на ова работно место и зошто наоѓањето на најдобрите професионалци за него е приоритет за компаниите ширум светот? BalkanEngineer.com доби одговор на овие прашања од инж. Јордан Јорданов од Melexis Бугарија. „Професијата CI инженер, или Lean инженер, потекнува од луѓе како Хенри Форд, Тајчи Оно и Еиџи Тојода. Тоа се поединци кои констатираат дека има многу загуби во една структура и тие можат да бидат елиминирани за поголема ефикасност на деловните резултати“, наведе тој.
2019-10-28Прочитај ја статијата
-
Инж. В. Палазов, управител на ИНХОМ-98: ФАНУК Бугарија е наш долгогодишен доверлив партнер
За нас, во BalkanEngineer.com, секогаш е чест кога ќе добиеме можност да го допреме вистинскиот процес на производство, особено ако успешно се реализира во претпријатие кое ги издржа економските и технолошките перипетии на времето. Благодарение на ФАНУК Бугарија, нашиот тим го имаше задоволството да помине цел работен ден во бугарската компанија ИНХОМ-98. Од нејзиниот сопственик и управител, инженер Вањо Палазов, дознавме како се постигнува конкурентно производство.
2019-10-25Прочитај ја статијата
-
MTG: Имаме за цел врвни позиции во металургијата! Се потпираме на висок квалитет и вреден тим
На крајот на летото, комерцијалниот тим на Метал Технолоџи Груп (MTG) помина низ целодневна обука посветена на валидацијата на високиот квалитет во компанијата. „Обуката имаше за цел да создаде во тимот заедничко разбирање за високите стандарди поставени од клиентите на MTG. Високиот квалитет е ставен како врвен приоритет во нашата бизнис филозофија. Веруваме дека патот до постигнување на истиот е преку поттикнување на развојот на нашиот персонал“, соопштија од MTG.
2019-10-24Прочитај ја статијата