Решенија
-
Филкаб Солар изгради фотоволтаичен систем на пумпи за наводнување во земјоделството
Тимот на Филкаб Солар е горд на широкиот спектар од успешно реализирани проекти од областа на обновливите извори на енергија, кои ги исполнуваат специфичните барања и потреби на клиентите. Меѓу нив е и неодамна изградениот фотоволтаичен систем на пумпи за наводнување во земјоделството во село Порој, општина Поморие, Бугарија. „Решението е изградено со потопна пумпа со интегриран инвертор, MPP тракер и фотоволтаични панели Winaico WST-250P6“, информираа од фирма МаккаБ ДООЕЛ.
2019-12-10Прочитај ја статијата
-
Мега Инженеринг: Имаме долгогодишно искуство во проекти за мониторинг на производствени гасови
Мега Инженеринг ДОО е докажана бугарска компанија во индустриската автоматизација како и во производството на електрични панели за управување и контрола на процеси. Компанијата исто така нуди комплетен инженеринг, проектирање и разработка на софтвер. „Нашите софтверски решенија се имплементирани во голем број на индустриски полиња и во различни апликации, од кои едната е мониторинг и известување на разни гасови во индустријата“, споделија од бкомпанија.
2019-12-09Прочитај ја статијата
-
Инженер В. Палазов, управител на ИНХОМ-98: ФАНУК Бугарија е наш долгогодишен доверлив партнер. Дел II
За нас, во BalkanEngineer.com, секогаш е чест кога ќе добиеме можност да го допреме вистинскиот процес на производство, особено ако успешно се реализира во претпријатие кое ги издржа економските и технолошките перипетии на времето. Благодарение на ФАНУК Бугарија, нашиот тим го имаше задоволството да помине цел работен ден во бугарската компанија ИНХОМ-98. Од нејзиниот сопственик и управител, инженер Вањо Палазов, дознавме како се постигнува конкурентно производство.
2019-12-06Прочитај ја статијата
-
ТиД Инженеринг: „Го извршуваме целиот спектар на активности за автоматизација“
ТиД Инженеринг е докажана инженерска компанија во областа на енергетиката, електротехниката и електрониката. „Нашиот тим исто така го извршува целосниот опсег на активности за автоматизација. Имаме долгогодишна експертиза во изградба на индустриски мрежи на програмабилни контролери, системи за далечинско управување и далечинска сигнализација, имплементација на SCADA системи и многу други современи технолошки решенија за индустријата“, споделија за BalkanEngineer.com од бугарската компанија.
2019-11-28Прочитај ја статијата
-
Хајстер БГ: Електричните виљушкари Hyster помагаат за оптимизација на магацинскиот простор
Магацинските простори стануваат сè попопуларни во услови на зголемена побарувачка. Една од причините за ова е континуираниот раст на електронската трговија. Порталот за анализи Statista предвидува дека само приходите од B2B трговијата ќе пораснат од над 40 милијарди евра за 2018 година до околу 46 милијарди во оваа година. Водени од иновации, проектирани со цел ефикасност, новите електрични виљушкари за подигнување во висина Hyster создаваат нови стандарди во складирањето.
2019-11-27Прочитај ја статијата
-
MTG: „Ги согледуваме потребите на нашите вработени и им обезбедуваме оптимална работна средина“
Метал Технолоџи Груп (MTG) е една од докажаните металуршки компании кај нас. Компанијата има три фабрики за леење и механичка обработка на производи од алуминиум, леано железо и челик, а повеќе од 90% од нејзиното производство се извезува во земји низ целиот свет. „Задоволни сме кога се запознаваме со амбициозни млади луѓе. Имено на нив им нудиме најразлични можности за работа кај нас“, коментираа пред BalkanEngineer.com од тимот на MTG.
2019-11-26Прочитај ја статијата
-
Уште осум индустриски апликации од Мега Инженеринг со кои ќе ги оптимизирате вашите работни процеси. Дел II
Како водечка компанија во проектирањето, изработката и имплементацијата на системи и средства за автоматизација на технолошките процеси, Мега Инженеринг ДОО продолжува да воведува разни индустриски примени. Сепак, овој пат, фокусот е малку поразличен и решенијата за кои ќе раскажуваме со љубезната соработка на тимот на компанијата, опфаќаат активности што не се толку тесно поврзани со производството. Што раскажаа од компанијата ќе разберете во следните редови.
2019-11-25Прочитај ја статијата
-
Брзо и прецизно утврдување на состојбата на трансформатори? Видете ја најновата понуда на Megger – TTRU3
„Сакате да ја дознаете механичката состојба на некој трансформатор? Сега е доволно да го разгледате набрзина упатството на новиот TTRU3 на Megger и да започнете да работите со него – тој е толку лесен за употреба“, изјавија за BalkanEngineer.com от Мегер Бугарија ДООЕЛ, подружница на докажаниот производител на техника за мерење и контрола Megger Group. Еве што дознавме за трифазниот уред за тестирање на коефициент на трансформација TTRU3.
2019-11-22Прочитај ја статијата
-
BHTC го менува начинот на кој комуницираме со автомобилот
Докажаниот германски производител на електроника за автомобилската индустрија Behr-Hella Thermocontrol учествуваше на престижниот саем IAA 2019 во град Франкфурт, Германија. На него BHTC претстави интерактивна автомобилска конзола со 3D дисплеј, разработена заедно со технолошката компанија Dimenco, која ја користи технологијата „симулирана реалност“. Пронајдокот го менува начинот на кој човекот комуницира со технологијат. Иновацијата ја користи технологијата Lightfield за да им помогне на возачите побрзо да ги видат важните информации, што ќе го подобри нивното искуство за време на возењето.
2019-11-22Прочитај ја статијата
-
Либхер-Хаусгерете Марица (Бугарија): „Откријте го вашиот потенцијал кај нас“
„Работните места за кои во моментов бараме нови пополнувања се во областите машиноградба, индустриски менаџмент, термотехника. Во фабриката, исто така, имаме нова единица за развојна активност во областа на електрониката во нашите производи. Во неа работат специјалисти кои се занимаваат со вградени системи, тестирања на софтвер, кориснички интерфејси и системски инженери“, споделија пред тимот на BalkanEngineer.com од подружницата на докажаниот германски концерн Liebherr.
2019-11-21Прочитај ја статијата