Решенија
-
Стам Лтд: FramePick 4 Wholesale на Kardex гарантира 4 пати побрзо извршување на нарачките во магацини
За денешната интерлогистика, брзата обработка на нарачките е клучна во секој деловен сегмент. „FramePick е ефикасно решение за испорака на стока што им овозможува на компаниите да тргуваат, намалувајќи ги драстично растојанијата што треба да се поминат во магацините“, информираа за Balkanengineer.com од фирма „Стам Лтд“, официјален претставник за Бугарија и Србија на водечкиот снабдувач на автоматски решенија за чување и складирање Kardex Remstar.
2020-03-25Прочитај ја статијата
-
Стам: Роботизацијата е главна алатка за зголемување на ефикасноста на производството
Роботите трајно го пронајдоа своето место во многу различни полиња на производството. Тие вршат задачи како што се заварување, склопување, испорака, преработка на суровини и пакување на производи. „Ние нудиме како индустриски така и колаборативни роботи на KUKA за различни производствени задачи“, информираа за BalkanEngineer.com од фирма „Стам Лтд чие портфолио веќе ги вклучува производите на еден од водечките светски снабдувачи на интелигентни решенија за автоматизација KUKA.
2020-03-16Прочитај ја статијата
-
На пазарот е новиот тестер за мотори на Megger со степен на заштита IP54 и CATIII
„На пазарот веќе е пуштен новиот тестер за мотори на Megger“, соопштија за Инженер.bg од Мегер Бугарија. Моделот MTR105 е со степен на заштита IP54, што го прави особено погоден за употреба, дури и во неповолни услови со влага и прашина. Освен тоа, инструментот е мерна категорија CATIII со моќност 600 V (работна висина до 3000 метри), т.е. тоа е сигурен и безбеден за употреба. Инструментот е добро заштитен од навлегување на прашина и влага, вклучително и просторот за батеријата и осигурувачот.
2020-02-25Прочитај ја статијата
-
Професионални уреди за мерење на потрошувачката на природен гас од Унисист Инженеринг
Докажаната бугарска компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката и производството на уреди и системи за автоматизација нуди работни решенија за гасни компании преку кои тие можат ефикасно да ги следат нивните активности. Компанијата ги има следниве професионални уреди за мерење на потрошувачката на природен гас - мерачи на потрошувачка со стандардни коректори со комуникатори, само мерачи на потрошувачка со комуникатори или специјализирани уреди кои се поврзани со соодветниот комуникатор.
2020-02-24Прочитај ја статијата
-
B2N: Медицина, инженерство, архитектура на 3D печатењето за време на Additive days 2020
Како нов, динамичен метод на производство, 3D печатењето постојано нè воодушевува со неговите можности. Затоа од фирма B2N, организаторот на Additive days 2020, ќе соберат на едно место што е можно повеќе традиционални, па дури и неверојатни апликации за адитивно производство, кои имаат огромен потенцијал да се претворат во дел од нашиот секојдневен живот. Конференцијата ќе се одржи од 20 до 23 февруари 2020 година, а ќе се осврне на неколку клучни теми, вклучително медицина, инженерство и архитектура.
2020-02-10Прочитај ја статијата
-
Инж. Гилиштаров од ФАНУК: Бугарскиот индустријалец е со позитивен став во врска со автоматизацијата
Четвртата индустриска револуција, носејќи со себе нови технолошки можности, паметни машини и поврзани решенија и услуги, продолжува вешто да си пробива пат и на бугарскиот пазар. Во ексклузивно интервју за Инженер.bg, побаравме одговор на овие прашања од инженер Христо Гилиштаров, управител на ФАНУК Бугарија, кој исто така ги коментираше најновите глобални трендови во областа на автоматизацијата и роботизацијата, како и неговите впечатоци од годинашното издание на меѓународниот форум ЕМО.
2020-01-30Прочитај ја статијата
-
Инж. Румен Христов од Стам Лтд: „Задоволен сум кога проектот е извршен беспрекорно и клиентот е задоволен“
Да си инженер „Динамични и автоматизирани решенија за магацини“ бара полн работен ден, а понекогаш и после тоа. За инж. Румен Христов од Стам Лтд задоволството од беспрекорно извршен проект, задоволни клиенти и солиден тим се моторите кои веќе осум години ја одржуваат неговата желба да развива, проектира и изградува уште посложени и иновативни автоматизирани магацини. За да дознаете што друго тој изјавува за Balkanengineer.com, прочитајте ги следните редови.
2019-12-19Прочитај ја статијата
-
Индустриски роботи: Elfin E10 обезбедува флексибилна имплементација во постојните транспортни линии
Со развојот на компјутерската технологија, се повеќе и повеќе одговорни функции се префрлаат на индустриските роботи и тие може да се видат во многу различни индустриски области. Колаборативните роботи Elfin на Han’s Robot не ги прекинуваат транспортните линии, ја зголемуваат продуктивноста, ги ослободуваат работниците од монотони и тешки рачни операции, имаат голема прецизност и повторливост на движењата со што се намалуваат производствените несреќи и грешките.
2019-12-18Прочитај ја статијата
-
Интересот за металургијата собра млади и докажани професионалци во Денот на отворени врати на Осам АД (MTG)
За степенот на ефективност на различните техники што компаниите ги избираат да го привлечат најдобрите кадри и да ја промовираат својата активност, се водат многу дискусии. Сепак, практиката покажува дека деновите кога тие ќе ги отворат своите врати за да го откријат својот свет се корисни како за гостите така и за домаќините. Таков пристап традиционално избира и Метал Технолоџи Груп (MTG) - бугарски производствен лидер со долгогодишни традиции во областа на металургијата.
2019-12-17Прочитај ја статијата
-
АББ Бугарија ја модернизира својата база во град Севлиево, Бугарија
„Бизнисот „Енергетски мрежи“ на АББ Бугарија ја обнови својата производствена база во град Севлиево. Обновени се производствените капацитети како и административната зграда“, соопштија од компанијата. Базата на АББ Бугарија во градот се наоѓа на површина од 14.500 метри квадратни и во неа се остваруваат активности поврзани со инженеринг, монтажа и тестирање на клучни напонски компоненти за комплетни дистрибутивни уреди со гасна изолација и генераторски прекинувачи. Фабриката, исто така, произведува комплетни кондензаторски уреди и дисконектори.
2019-12-11Прочитај ја статијата