In Bulgarian In Romanian In Serbian
За денешната интерлогистика, брзата обработка на нарачките е клучна во секој деловен сегмент. „FramePick е ефикасно решение за испорака на стока што им овозможува на компаниите да тргуваат, намалувајќи ги драстично растојанијата што треба да се поминат во магацините“, информираа за Balkanengineer.com од фирма „Стам Лтд“, официјален претставник за Бугарија и Србија на водечкиот снабдувач на автоматски решенија за чување и складирање Kardex Remstar.
Како да се подготват нарачки со FramePick?
FramePick е комбинација на високо брзински вертикални буфер модули Kardex Remstar LR 35 широко користените колички за транспортирање и ќелија Put Frame со технологија „Put-to-Light“ која комбинира светлинска, колор и дигитална идентификација. Софтверот Power Pick Global ги интегрира буфер модулите и ќелиите Put Frames во целосно, ефикасно решение за брзо извршување на нарачката.
Дали е можно брзо извршување на нарачки со FramePick што е сообразено со посебни барања?
FramePick е специјално проектирана за магацини за трговија на големо и електронска трговија за кои се бара висока продуктивност и брзи рокови на испорака. Се поголем број на овие компании се среќаваат со потешкотии во своите традиционални операции за извршување на нарачките. Она што им треба е ефикасен, динамичен и флексибилен систем за брзо извршување на нарачките.
FramePick 4 Wholesale – иновација за електронска трговија и трговија на големо
FramePick 4 Wholesale ги користи обичните колички за подготвување на нарачките и транспортирање на артиклите. Овие колички се сместени во ќелија која има дисплеи со технологија „Put-to-Light“. Операторот може да ја провери содржината на ќелијата со едноставно скенирање на дисплеите. Кога еден од модулите LR 35 подготвува нов контејнер со стока, дисплеите покажуваат колку артикли треба да бидат поставени и во кои садови.
Адресa: Обиколница и ул. Јордан Бакалов - Стубел 31, 1404 Софија, Бугарија
Телефон: +359 888 805 028; +359 889 223 117
Е-mail: office@stamh.com
Address: Ring road, cross with 31 Yordan Bakalov-Stubel Str., 1404 Sofia, Bulgaria
Tel.: +359 888 805 028; +359 889 223 117
Е-mail: office@stamh.com
Повеќе информации за Стам Лтд ДОО слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Стам Лтд, Kardex