Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Хајстер БГ: Електричните виљушкари Hyster помагаат за оптимизација на магацинскиот простор

27 november 2019

In Bulgarian   In Romanian   In Serbian

 

Магацинските простори стануваат сè попопуларни во услови на зголемена побарувачка. Една од причините за ова е континуираниот раст на електронската трговија. „Порталот за анализи Statista предвидува дека само приходите од B2B трговијата ќе пораснат од над 40 милијарди евра за 2018 година до околу 46 милијарди во оваа година. Водени од иновации, проектирани со цел ефикасност, новите електрични виљушкари за подигнување во висина Hyster создаваат нови стандарди во складирањето“, коментираа за BalkanEngineer.com од фирма Хајстер БГ ДОО, ексклузивен претставник на Hyster за Бугарија и дел од групацијата СТАМ.

 

 

Оптимизација на просторот

 

„При работа во високи магацини, за стандарден виљушкар со противтежа е потребно речиси 50% повеќе простор за маневрирање во споредба со оној со висока проодност во тесен простор“, објаснија од компанијата. „Затоа, употребата на виљушкари за подигнување во висина во магацини со високи сталажи може да биде најисплатливо решение. Виљушкарите за подигнување во висина Hyster со висока проодност, што се користат во супермаркетите и продавниците, се специјално проектирани за транспортирање и обработка на товари во магацини со тесни ходници“, додадоа експертите.

 

Ефикасна обработка на стоки при високо складирање

 

Подигнувачите на Hyster од серијата C1.0-1.5 можат да подигнат товар до 1500 килограми на висина до 17 метри. Тие се исто така погодни за транспортирање на производи со нестандардни форми и димензии. „Ние исто така нудиме специјално проектиран модел за обработка на долги и гломазни товари. Подигнувачите се опремени со долги виљушки кои можат да пренесуваат дури и тешки врати со должина до 2 метри“, објаснува Еменегер.

 

 

Планирање со користење на ИТ технологии за оптимални логистички решенија

 

Компанијата Hyster создаде софтвер за симулација кој овозможува да се испланира оптимален проток на стоки и ефикасни процеси. Софтверот ги зема предвид ограничувањата во просторот и помага за наоѓање на решенија што ја обезбедуваат потребната продуктивност во шпицот на работата, со ниска вкупна цена за стекнување.

 

 

Адреса: Бугарија, Софија 1616, ул. „Панорамски пат“ 38

Телефон: 00 359 2/955 56 42

Е-mail: office@stamh.com

 

Повеќе информации за Стам Лтд ДОО слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фото материјал: Стам Лтд ДОО, Хајстер БГ ДОО, Hyster

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »