In Bulgarian
Концептот на колоборативните роботи, или накратко наречени „коботи“, се појави во 1995 година како дел од истражувачки проект предводен од фонд на General Motors. Називот доаѓа од можноста на овој вид роботи да работат заедно со луѓе во иста производствена зона. Дотогаш, традиционалниот робот во автомобилската индустрија е задолжително сместуван во изолирана и обезбедена ќелија и работи самостојно. Главната идеја на проектот е да се создадат роботи кои можат да работат безбедно заедно со луѓето. Денес, повеќе од 20 години подоцна, коботите го најдоа своето место не само во разни индустрии, туку и во свеста на луѓето. Но, дали ги знаеме разликите помеѓу роботите и коботите.
Индустриски Роботи ДООЕЛ, ексклузивен претставник на кинеските коботи Elfin за Бугарија и Македонија, ги коментира овие основни разлики за BalkaEngineer.com.
Партнерство човек-машина: Коботите се специјално разработени за заедничка работа со луѓето и немаат потреба од заштитни огради.
Спречување на опасни ситуации: Коботи извршуваат задачи што можат да бидат опасни за луѓето, како што се транспорт на остри или жешки делови или опасни монтажни активности.
Интелигентно и безбедно однесување: За коботите важат специјални правила во кои се определуваат различни спецификации во однос на брзината, корисниот товар и безбедносните показатели.
Мобилност и рентабилност: Покрај тоа што лесно можат да се репрограмираат, коботите можат да се преместуваат и користат на различни места во производствениот процес.
Elfin – Интелигентниот колаборативен робот на Han’s Robot
Посебни карактеристики на коботите од серијата Elfin се:
- Интелигентен колаборативен робот;
- Голем опсег;
- Слободно движење;
- Модуларна концепција;
- Прецизност.
„Коботите од серијата Elfin можат да бидат обучени со едноставно движење на нивната рака до посакуваната позиција или по потребната траекторија. Доволни се само 10 минути за изготвување на програма од видот „pick & place“, изјавија во заклучок од Индустриски Роботи.
Адреса: Бугариjа, Софија 1362, ул. „Трајан Танев“ 97
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Индустриски роботи ДООЕЛ, Han`s Robot