In Bulgarian In Romanian In Serbian
Да се судриш со нов јазик и нови правила, да го изодиш патот на „странец“, да останеш заради стремежот кон креативност во инженерската работа, да го бркаш извршувањето на амбициозните планови и да се усовршуваш секој ден. Ова е авантурата на Сенка Рајковиќ од Ниш, Србија. Во рубриката „Еден работен ден на ...“ денес ќе ви раскажеме кои се предизвиците во секојдневниот живот на архитект по образование и инженер по вокација и како и поминува нејзиниот работен ден во докажаната бугарска компанија Стам Лтд ДОО.
Како се викате и кое е Вашето работно место во компанијата?
Се викам Сенка Рајковиќ. Родена сум во Ниш, Србија и од 3 години и 10 месеци работам во Стам Лтд како инженер за статички решенија.
Какво образование имате?
Дипломирав на Факултетот за градежништво и архитектура кон Техничкиот универзитет во мојот роден град и по професија сум архитект.
Вие доаѓате од Србија, која не е дел од Европската унија. Дали е тешка постапката за средување на документите?
Не би рекла дека е тешка – едноставно тоа е само бавен процес што треба да се помине. Но, кога сакате, документите не се нешто што може да ве сопне.
Како започнува Вашиот работен ден?
Со кафе. Без него едноставно не можам да размислувам. Потоа ја проверувам е-поштата и задачите што ги имам, подредувајќи ги по приоритет.
Кој е најинтересниот проект на кој досега сте работеле?
Досега претежно се занимавав со помали објекти. Меѓу нив најинтересни са ми двокатните и трикатните магацински системи. При тоа сум најтесно поврзана со нашите објекти во Македонија и Србија – заради јазикот. Работата со локалните особености и преводите, исто така, го „кршат“ секојдневниот живот.
Очекувам наскоро да започнам да бидат одговорна и за поголеми објекти, но не постои начин веднаш да навлезеш во „длабокото“.
Зошто Ви се допаѓа вашата работа и работното место?
За мене ситуацијата е една од најважните работи. Иако на почетокот морав да се справам со јазичната бариера, јас и моите колеги многу лесно комуницираме. Работниот ден е пријатен и интересен. Ние сме млад тим и често правиме шеги.
Што си велите сами на крајот од работниот ден?
На крајот од работниот ден веќе си правам планови за следниот, а понекогаш и за целата недела.
Адреса: Бугарија, Софија 1616, ул. „Панорамски пат“ 38
Телефон: 00 359 2/955 56 42
Е-mail: office@stamh.com
Повеќе информации за Стам Лтд ДОО слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Стам Лтд ДОО