Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

B2N: Да го пречекаме S5 Pro Bundle – најновиот член во семејството на Ultimaker

30 october 2019

In Bulgarian   In Romanian   In Serbian

 

Како би можеле видливо да ја зголемите продуктивноста и безбедноста при 3D печатењето? Со Ultimaker S5 Pro Bundle – коментираат од фирма B2N. „3D печатачот на производителот Ultimaker е уникатно производствено решение кое наоѓа одговор на предизвиците на 3D печатењето со користење на проширен спектар на материјали. На овој начин на инженерите и дизајнерите им се дава поголема слобода да се фокусираат на својата работа“, појаснија за BalkanEngineer.com од бугарската компанија, која е официјален партнер на холандскиот производител за Бугарија.

 

 

Ultimaker S5 Pro Bundle е конфигурација од три уреди кои се интегрирани за да можат непречено да ги надминат заедничките предизвици поврзани со обработката и складирањето на FFF (Fused Filament Fabrication) материјали. Ultimaker S5 Pro Bundle располага со:

 

 - Ultimaker S5 – десктоп 3D  печатач со голем работен волумен кој репродуцира индустриски детали со голема прецизност;

 - Станица за материјали со 6 ќелии за ролни и контролер што автоматски се префрла помеѓу материјалите;

 - Air Manager – покривно куќиште со адаптивен кон материјалот ЕРА-филтер.

 

Проектиран  и тестиран како автоматска машина за испорака на материјали, уредот е опремен со 6 ќелии за ролни, кои даваат огромен капацитет за поголеми детали, поголем број на мали серии или поголема флексибилност при штелувањето, што значи повеќе време за работа и помалку рачни операции. Секоја ќелија има NFC и е компатибилна со сите Ultimaker влакна (освен 350 грамски), како и со сите материјали од други водечки брендови со претходно дадени штелувања на Ultimaker Cura Marketplace, вклучително стаклени или материјали засилени со јаглерод.

 

„3D печатачот се грижи за секоја замена на ролната пред, потоа, па дури и за време на задача за печатење, за да не мора да се прави со човечка рака. Дури ги намалува трошоците за потрошни материјали, така што може да започне со печатење со користена ролна, без да се грижите дали таа ќе биде заменета во вистинското време“, додадоа во заклучок од B2N.

 

 

Адреса: 1700 Софија, Бугарија, бул. „Д-р Г. М. Димитров“ 95

E-mail: info@b2n.bg

Телефон: 00 359 886 008 008

 

Адреса: 4010 Пловдив, Бугарија, бул. „Асеновградско шосе“ 11

E-mail: plovdiv3d@b2n.bg

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фото материјал: B2NUltimaker

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »