Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Низ својата долга историја, Megger отсекогаш се стремел да ја направат работата на електротехничарите полесна и побезбедна

02 june 2024

In Bulgarian In Albanian  In Serbian

 

Една од водечките компании во областа на апаратурата за контрола и мерење, Megger има долга и богата историја на обезбедувањето на решенија за вршење на електротехнички тестови и дијагностика на електротехничка опрема. Во текот на повеќе од 130 години, компанијата го прошири своето присуство и го направи своето портфолио поразновидно, истовремено со развојот на електротехничката индустрија за да одговори на потребите на потрошувачите и да остане претпочитан партнер на своите клиенти.

 

 

„Megger нуди различни решенија за мерење кои го следат преносот на електрична енергија од електраната до штекерот. Наш основен приоритет е да ја направиме секојдневната работа на специјалистите за електротехника полесна и побезбедна. Тестери за изолација, омметри и мултиметри се сместуваат во долгата листа на пронајдоци на Megger, зацврстувајќи го неговото место меѓу пионерите на електричната индустрија. Такви се тестерите за изолација, микроомметрите и мултиметрите, кои се дел од долгата серија на пронајдоци на Megger, а тоа ја претвора нашата компанија во еден од пионерите во електроиндустријата“, коментираа за BalkanEngineer.com од компанијата.

Во 1889 година, основачот на Megger, Сидни Евершед, го пронашол познатиот уред за мерење отпор на изолацијата, кој и денес се нарекува „megger“, кој останува синоним за точно мерење за генерации електроинженери. Овој иновативен инструмент е директниот претходник на секој тестер за изолација што се користи во светот.

 

Денес, во Megger Group влегуваат голем број компании кои имаат значаен придонес во пронаоѓањето на инструменти за мерењеи дијагностика. AVO Limited го создаде првиот мултиметар во светот, AVO Meter, уште во 1923 година.

 

 

Компанијата James G. Biddle го разработува првиот уред за локализирање на дефекти во каблите во 1946 година. Првиот комплет за тестирање на фактор на моќност на изолацијата со низок напон беше разработен во Evershed & Vignoles во 1965 година и – треба да забележите – тежи само 6,5 килограми. Во 1976 година, Programma го најавува пазарното деби на првиот пренослив тестер за релеи во светот, а во 1984 година го разработува првиот анализатор на прекинувачи со микропроцесорно управување. Во истата година, Multi-Amp го пушта на пазарот првиот тестер за трифазни релеи.  Компанијата WaBtech, која подоцна беше купена од Programma, во 1988 година го создаде првиот пренослив диелектричен анализатор на карактеристика на фреквенцијата за дијагностика на изолацијата. Во 2007 година, после приклучувањето на  Programma кон Megger, беше создадена компанијата Megger Group, која го разработува првиот пренослив уред за лоцирање на кабелски дефекти со повеќе од 2000 J. Во следните години, кон групацијата се приклучија голем број на компании, кои го прошируваат нејзиното портфолио на производи и се иноватори во нивните области.

 

Адреса: Бугарија, Софија, бул. „Ситнаково“ 35

Телефон: +359 943 4803; +359 2 846 8294; +359 887 783 514

Е-mail:  alexander.georgiev@megger.commegger.bg@megger.cominfo.bg@megger

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Мегер Бугарија, Megger

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »