Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

STAMH: Со „освојување“ на нови пазари, го прошируваме нашиот тим со професионалци од Северна Македонија

10 october 2022

STAMH Group – компанија специјализирана за инженеринг на магацински системи, работи во Бугарија, Грција, Романија, Русија, Италија, Македонија, Србија и Хрватска. Компанијата врши проектирање, испорака, монтажа, автоматизација, сервис и целосен инженеринг на сите видови сталажи и магацински системи. Нејзиното искуство вклучува повеќе од 1800 успешни проекти во Бугарија, Грција, Турција, Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија, Италија, Австрија, Русија, Полска, Белгија и Унгарија. Поради својот брз раст на надворешните пазари, STAMH Group го проширува својот тим барајќи нови експерти, вклучително и од Северна Македонија.

 

 

Компанијата создава современи решенија за складирање кои се лесни за употреба и резултираат со ефикасност на трошоците. Портфолиото на производи и услуги на STAMH опфаќа сталажи и системи од сталажи за палета, автоматизирани и транспортни магацински системи, автоматизирани системи за складирање и комисионирање, магацинска опрема, вилушкари, инсталирење, инспекција и сервис на магацини, софтвер за управување со магацин, професионални машини за чистење итн.

 

Динамичната инженеринг компанија бара нови пополнувања во својот високо специјализиран тим. STAMH на дневен ред го става потенцијалот на пазарот во Северна Македонија и локалните специјалисти. „Коректниот однос и нашиот висок професионализам отвораат пред нас многу можности за нови проекти. Затоа сакаме да приклучиме кон тимот инженерски специјалисти од Северна Македонија“, посочија од компанијата.

 

 

Еве ги можностите што ги нуди компанијата:

 

- Машински инженер;

- Инженер конструктор.

 

„Бараме и забележуваме таленти! Политиката на нашата компанија им дава можности на сите да ги реализираат своите вештини и потенцијал, затоа бараме амбициозни луѓе кои не се плашат да „растат“, резимираа од STAMH.

 

Адресa: Обиколница и ул. Јордан Бакалов - Стубел 31, 1404 Софија, Бугарија

Телефон: 00359 889 223 117

Е-mail: office@stamh.com

  

Повеќе информации за Стам Лтд ДОО слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фото материјал: Стам Лтд

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »