- BalkanEngineer Bulgaria
- BalkanEngineer Macedonia
- BalkanEngineer Romania
- BalkanEngineer Serbia
- BalkanEngineer Albania
- BalkanEngineer Greece
- BalkanEngineer Turkey
Бесплатна претплата
Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!
19 march 2019
Либхер-Хаусгерете Марица ДООЕЛ, подружница на меѓународниот концерн Liebherr во Бугарија, ги отвори вратите на својата фабрика за учениците од 6-то и 7-мо одделение во основното училиште „Васил Петлешков“ во град Пловдив. Компанијата, чија производна активност е концентрирана во областа на белата техника, им покажа на љубопитните и ученољубиви деца како се изработуваат некои од техничките производи кои ги произведува, информираа за BalkanEngineer.com од друштвото.
Иницијативата на Либхер-Хаусгерете Марица е дел од „Програма за рана ориентација во кариерата“, разработена од „Фондација Бауерзакс“, која има за цел од рана возраст да ги запознае учениците со реалната бизнис средина на докажани фирми. „Во улога на една од најголемите и водечки компании во регионот дочекавме 67 ентузијазирани ученици. Се радуваме што успеавме да го разбудиме нивниот интерес кон професиите кои бараат техничко образование“, коментираа од Либхер.
За учениците денот во производствената база започнува со кратки видео презентации, кои ги покажуваат главните активности на технолошката група Liebherr. По завршувањето на проекцијата, воспитаниците на ОУ „Васил Петлешков“ разгледаа различни делови на фабриката, за да видат како работат машините и од каде всушност доаѓаат фрижидерите.
Децата имаа можност да го посетат и наставниот центар на Пловдивското друштво, каде во моментот се спроведуваат професионални обуки за „Машински техничар“, а наскоро треба да започнат и курсеви за „Техничар за автоматизација“.
„На крајот на денот на кариера видовме многу детски насмевки и очи полни со сјај и ентузијазам. Се радуваме што успеавме да им покажеме на децата колку се важни всушност образованието и обуката во различни сфери“, изјавија со гордост од Либхер-Хаусгерете Марица.
За Бугарија, друштвото бара да приклучи кон својот тим специјалисти за следните позиции:
- Електроинженер кон оддел лабораторија Развојна активност;
- Инженер Инсталации за климатизација;
- Конструктор во оддел Конструкторски.
Адреса: 4202, Бугарија, Радиново, област Пловдив, индустриска зона Марица
Телефон: 00 359 32/615 414
Е-mail: lhm_jobs@liebherr.com
Повеќе информации за Либхер-Хаусгерете Марица ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Либхер-Хаусгерете Марица ДООЕЛ
03/02/21
Место на работа: Бугарија, Софија
Фирма: Стам Лтд ДОО
03/01/21
Место на работа: Бугарија, Пловдив
02/26/21
Место на работа: Бугарија, Пловдив
Фирма: АББ Блгариja ДООЕЛ
02/22/21
Место на работа: Бугарија, Пловдив
02/18/21
Место на работа: Бугарија, Пловдив
02/15/21
Место на работа: Бугарија, Пловдив
ЕУРОЕДИЛ-ХОЛДИНГ ДООЕЛ е македонска компанија, основана од Управителот и Генерален менаџер Ракип Рамаданоски во 2004 година со седиште во Скудрине, општина Маврово-Ростуше. Во интервјуто, инженер Тони Димитриевски, раководител на алатниот погон ОИТР Алатница во ЕУРОЕДИЛ-ХОЛДИНГ, го споделува своето долгогодишно искуство со машините FANUC и намерите на компанијата да ја обнови опремата со нови модели на јапонскиот технолошки лидер.
Со нов рекорд во производството на ладилници и замрзнувачи заврши .јубилејната 2020 година за Либхер-Хаусгерете Марица. Минатата година бугарската компанија, која прослави 20-годишен јубилеј, го регистрираше својот еден милион производ за годинава. Прогнозите на Либхер-Хаусгерете Марица за годишно производство од 844,000 единици беа побиени кога, како резултат на зголемената побарувачка, на 19 декември 2020 година, излегува од производство милионитиот фрижидер со замрзнувач со импресивен дизајн на британска телефонска говорница од ограничената серија London Calling.
Футерот H3 постигнува 10.000 вртежи во минута и е решен конструктивно со прецизен пренос со ремен и вградени прецизни хибридно-керамички лежишта за да се постигне помала термичка експанзија и ниски вибрации. „За да се подобрат резултатите при длабоко дупчење и стружење, системот за ладење на футерот може да се надополни со решение за ладење преку алатката, што доведува до подобар квалитет на финалниот производ и заштедува време на обработка“, коментираа за BalkanEngineer.com од РАИС.
„Бојлерите од семејството Anticalc се разработени за долгорочно и сигурно работење без проблеми во региони со тврда, високо минерализирана и/или агресивна вода. А сега тие имаат нов, дури и постилски дизајн“, соопштија од компанијата за BalkanEngineer.com. Тие се создадени во согласност со највисоките европски безбедносни стандарди и барања за квалитет. Благодарение на сувиот грејач, бојлерите обезбедуваат сигурна работа на апаратот во тврди и агресивни води.
Унисист Лаборатории ДОО. доби нов сертификат за акредитација од Извршната агенција „Бугарска служба за акредитација“. Лабораторијата е овластена да проверува средства за мерење на електрични големини, волумен и потрошувачка. Основана е во 1997 година и е една од првите лаборатории со ваква специјализација во Бугарија. „Во изминатите години ја докажавме нашата висока техничка компетентност како водечка лабораторија“, коментираа од компанијата за BalkanЕngineer.com.
„Решенијата OnRobot им помагаат на малите и средни производители да ги оптимизираат своите процеси за да го развиваат својот бизнис со поголема флексибилност, поголема продуктивност и подобрен квалитет. Колаборативната автоматизација ги изедначува условите за сите производители и бидејќи роботите стануваат полесни за купување и имплементација, тие стануваат важен елемент за прилагодување кон широк спектар на примена“, изјавија од SpaceCAD за BalkanEngineer.com.
Chaos Group ќе го прошири своето присуство во областа на технологии за компјутерска графика. Новите решенија на Chaos Group вклучуваат технологија за обработка и пристап до слики во реално време Chaos Vantage, V-Ray Vision, услуга за лесна и брза онлајн обработка на слики Chaos Cloud, онлајн платформата со 3D модели и висококвалитетни материјали Chaos Cosmos, како и и многу други предлози за потрошувачите. Покрај тоа, Chaos Group го менува идентитетот на својот бренд и сега ќе работи под името Chaos. Новиот визуелен идентитет на компанијата и производите е развиен со помош на британската агенција Uniform.
Оваа година ќе заврши изградбата на нагистралните гасоводи од град Скопје до град Гостивар и од град Неготино до град Битола во Северна Македонија, дозна BalkanEngineer.com од Мета.мк. Покрај тоа, претстојат нови проекти за интерконекција со Грција, Косово и Србија. Ова го изјавија министерот за транспорт и врски на Северна Македонија Благој Бочварски и директорот на Националните енергетски ресурси Бајрам Реџепи, кои заедно со заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи извршија увид во изградбата на магистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар. Инвестицијата во делницата изнесува 29 милиони евра.
Обемот на градежни активности во Романија се зголемил за 15,9% во 2020 година. Двоцифрени стапки на раст се забележуваат во сите три сектори - станбен, нестанбен и градежен инженеринг, дозна BalkanEngineer.com од веб-страницата на Romania-Insider.com. Податоците се од Националниот статистички институт на земјата. Изградбата на нестанбени згради, како што се канцеларии и трговски центри, во Романија регистрира помал раст - од 10,9%, за сметка на станбениот сегмент, кој покажа раст од 17,8%. Обемот на капитални поправки се зголемил за 46%, а активностите за одржување се зголемиле за 24,4%.
Осум бугарските проекти се номинирани за наградите на Европската унија за современа архитектура Міеѕ vаn dеr Rоhе Аwаrd, дозна BalkanEngineer.com од Gradat.bg. Наградите имаат за цел да го популаризираат квалитетот на европската архитектура и односите во ЕУ и светот, како и да ја истакнат улогата на архитектурата за заедничката европска култура. Номинациите беа одбрани од Комората на архитекти во Бугарија, Сојузот на архитекти во Бугарија, арх. Вјара Жељазкова, во својство на независен меѓународен експерт и проф. д-р арх. Георги Георгиев - раководител на Катедра „Архитектура“ во Нов бугарски универзитет.
Министерството за образование, наука и технолошки развој на Србија објави дека владата на земјата усвои Стратегија за научен и технолошки развој на Србија за периодот 2021-2025 година, со наслов „Моќта на знаењето“, дозна BalkanEngineer.com од eKapija.com. Стратегијата има за цел да даде можност за го забрзување на развојот и интеграцијата на земјата во Европското пространство на истражување преку надградба на системот за научни технологии и иновации. Планирани се инвестиции во нови научно-технолошки паркови, центри за врвни достигнувања и институти.
Македонската престолнина Скопје ќе ги добие во март годинава прелиминарниот проект и придружната документација за првата линија на идниот систем од брз иавтобуски линии (БРТ) во градот. Првата линија ќе биде со должина 12,81 км и ќе се состои од 21 автобуска постојка и 2 автобуски терминали. Првата транша од заемот за проектот, што ќе ја додели Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), изнесува 47,6 милиони евра. Средствата ќе бидат искористени за подготовката на главниот проект, изградбата на првата линија, како и за идни депа, реконструкција на булевари и улици по должина на трасата.
Продолжуваат преговорите со претставници на јапонската компанија Nidec за инвестиции на компанијата во град Нови Сад, Србија. Потенцијалните локации за идниот производствен капацитет на Nidec беа разгледани со градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ. Во објава на својот профил на Инстаграм, Вучевиќ потсети дека инвестицијата ќе вреди скоро 2 милијарди долари, а компанијата планира да купи 25 хектари земја во индустриската зона Север 4. Покрај тоа, висококвалификувани специјалисти ќе бидат вработени во новата фабрика, во која ќе се произведат до 300.000 производи до 2023 година, додаде градоначалникот на Нови Сад.
Романскиот производител на акумулатори Rombat ќе започне со производство на ќелии за литиум-јонски автомобилски акумулатори во својата нова фабрика во Букурешт во втората половина на 2021 година, дозна BalkanEgnineer.com од сајтот Romania-Insider.com. Ќелиите ќе бидат доставени до партнерската компанија на Rombat - Prime Motors. Новиот главен извршен директор на Rombat, Алин Јоанес, посочи дека проектирањето на акумулатори за електрични автомобили е предизвик што му овозможува на Rombat да биде во чекор со глобалните технолошки достигнувања и да ги искористи новите можности на пазарот.
Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија објави тендер за нарачка на три електрични возови што ќе сообраќаат на релација Белград-Нови Сад-Суботица. Според тендерската документација, возилата мора да имаат должина од 100 метри (± 5) и минимум 300 (± 5) седишта од прва и втора класа, да бидат опремени со греење и звучна изолација, надворешно и внатрешно LED осветлување, електрични врати на лизгање, тоалети за лица со посебни потреби, по два барови со апарати за топли пијалаци и можност за електронско плаќање, Wi-Fi поврзување, систем за резервации на места и друго.
Македонската енергетска компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) потпиша договор за грант од 2,4 милиони евра со германската банка за развој KfW. Износот ќе се инвестира во истражување и документација поврзани со проекти за обновлива енергија со проценета годишна моќност од 650 GWh. Договорот го отвора патот на контролираната од државната енергетска компанија во Северна Македонија да земе заем од 80,5 милиони евра за проекти, изјави премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев. За последните 20 години, Германија финансираше развојни проекти во Северна Македонија во вредност од над 500 милиони евра.
Американската компанија Tesla ја отвори својата прва канцеларија во Романија. Таа се наоѓа во главниот град Букурешт. Компанијата планира да спроведе повеќе планови за инвестиции во земјата. Тие ќе вклучуваат изградба на нови станици за полнење на електрични автомобили Supercharger во неколку романски градови - Темишвар, Сибиу, Питешти и Букурешт. На списокот може да бидат и градовите Крајова и Браила. Tesla ќе направи слични инвестиции во соседните на Романија земји - Бугарија, Унгарија и Србија. Во септември 2019 година, основачот на Tesla и SpaceX, Елон Маск, објави на Твитер дека ќе се отвори подружница на Tesla во Романија.
Бугарската нуклеарна централа „Козлодуј“ и компанијата „Вестингхаус Електрик“ - Шведска потпишаа договор за безбедносна анализа на блок 5 на АЕЦ „Козлодуј“ при имплементација на алтернативен вид нуклеарно гориво. Договорот го потпишаа извршниот директор на АЕЦ „Козлодуј“ Наско Михов и Азис Даг - потпретседател и управен директор на „Вестингхаус електрик“ - Шведска. Според зборовите на министерката за енергетика на Бугарија Теменужка Петкова, со потпишување на овој договор Владата исполнува еден од нејзините главни приоритети во енергетиката - оној за диверзификација на енергетските ресурси.