Вести
-
Втора фабрика за автомобилски делови на јапонскиот производител Yazaki се гради во Романија
Белгиската градежна компанија WDP ќе гради нова фабрика за јапонскиот производител на автомобилски делови Yazaki во Браила, Источна Романија, информира Economica.net за BalkanEngineer.com. Инвестицијата е во вредност од 14 милиони евра според финансискиот извештај на WDP за првиот квартал на годината. Новата фабрика ќе биде лоцирана на површина од 26 000 m2, а градежните работи се планира да бидат завршени во последните 3 месеци од оваа година.
2016-05-18Прочитај ја статијата
-
Компанија со седиште во Турција ќе гради две когенерациони централи во Хрватска
Индустриската зона на Ново Прачно ќе биде терен за два когенерациони енергетски капацитети од по 5 MW, објави на својот сајт Општина Сисак. Во соопштение за јавноста се соопштува уште дека договорот кој го гарантира правото на изградба е потпишан со регистрираната во Хрватска компанија Monalp Biomass Sisak. Вкупната површина на индустрискиот терен изнесува 43 000 m2.
2016-05-10Прочитај ја статијата
-
Меѓународна конференција за информатичка технологија се одржа во Македонија
Тринаесеттата Меѓународна конференција за информатика и информатичка технологија организирана од Факултетот за компјутерски науки и инженерство на Универзитетот во Скопје „Св. Св. Кирил и Методиј“, се одржа од 22 до 24 април 2016 година во хотел Молика во Битола, Македонија. На конференцијата се дискутираше за последните достигнувања и новостите во развојот на области како вештачки интелект, роботика, биоинформатика, мултимедија, обработка на сигнали, компјутерски мрежи и многу др.
2016-05-03Прочитај ја статијата
-
Ветерна електроцентрала во Србија пред пуштање во употреба, започнува изградба на втора
Проектот за изградба на 9,9 мегавати моќност генерирана од ветерот во српскиот град Кула е на пат да биде финализиран. Во моментов се спроведуваат функционални испитувања пред стартот, информира BalkanGreenEnergyNews.com за BalkanEngineer.com. Компанијата оператор MK-Fintel Wind најави дека ќе почне да произведува електрична енергија од трите ветерни турбини Vestas штом добие дозвола за експлоатација.
2016-04-14Прочитај ја статијата
-
Нов ветерен парк беше пуштен во употреба во Турција
Уште една ветерна електрана беше пуштена во употреба во провинцијата Мугла, Турција. Таа е со инсталирана моќност од 20 MW, соопштија за BalkanEngineer.com од Anadolu Agency. Предвиденото количество електрична енергија која ќе ја генерира ветерниот парк Akbuk 2 RES со десет турбогенератори, е 68 MWh годишно. Таа е сопственост на компанијата Ayen Enerji. Со новата моќност вкупното количество на електрична енергија произведена од ветер во земјата се очекува да достигне 4 718 MW.
2016-04-06Прочитај ја статијата
-
Конференција во областа на регулирање на услугите за водоснабдување и отпадни води ќе се одржи во мај во Македонија
Здружението на даватели на комунални услуги на Република Македонија (АДКОМ) организира петта конференција „Регулирање на услугите за водоснабдување и отпадни води“, која ќе се одржи во хотел Метропол во Охрид во периодот 25 - 28 мај 2016 година, објавија организаторите за BalkanEngineer.com.
2016-03-31Прочитај ја статијата
-
Македонска компанија гради фабрика за производство на печатени електронски плочи во Скопје
Македонскиот производител Hi-Tech Assembly Centre ги постави темелите за изградба на фабрика за производство на печатени електронски плочи во вредност од 20 милиони евра, дозна BalkanEngineer.com од wire.seenews.com. Новата фабрика ќе биде лоцирана на вкупна површина од 5400 м2 и во неа ќе се вработат над 300 лица.
2016-03-17Прочитај ја статијата
-
Италијанската индустриска група Витило официјално ја отвори својата втора фабрика во Македонија
Водечката италијанска компанија во областа на хидрауличната опрема Витило ја отвори официјално својата втора фабрика во индустриската зона на Скопје, Македонија, научи BalkanEngineer.com од Balkans.com. Со новиот проект, чија инвестициска вредност е 10 милиони евра, се очекува да се остварат повеќе од 100 вработувања.
2016-02-25Прочитај ја статијата
-
Нов 400 kV далновод ја поврзува електропреносната мрежа на Македонија и Србија
Нов 400 kV електропреносен далновод со должина 70 км кој ги поврзува енергетските системи на Македонија и Србија беше пуштен во употреба на 29 јануари, објави Independent.mk за BalkanEngineer.com Инвестицијата е со вкупна вредност од 11 милиони евра. Далноводот кој ги поврзува македонскиот град Штип (Stip) и српскиот Врање (Vranje) беше пуштен во работа на официјална церемонија.
2016-02-08Прочитај ја статијата
-
Проектот за топлификација на три општини започнува во Македонија во 2016 година
Македонскиот парламент го одобри финансирањето на проектот за топлификација на Општина Битола, дозна BalkanEngineer. Најголемата термоцентрала во Македонија – ТЕЦ „Битола“, дел од индустрискиот комплекс РЕК „Битола“, ќе произведува топлинска енергија за загревање на домови во три големи општини во Пелагонија, соопштува daily.mk.
2016-01-21Прочитај ја статијата