Меѓународна конференција за информатичка технологија се одржа во Македонија

2016-05-032 мин.

In Bulgarian.   In English.

 

Тринаесеттата Меѓународна конференција за информатика и информатичка технологија организирана од Факултетот за компјутерски науки и инженерство на Универзитетот во Скопје „Св. Св. Кирил и Методиј“, се одржа од 22 до 24 април 2016 година во хотел Молика во Битола, Македонија. На конференцијата се дискутираше за последните достигнувања и новостите во развојот на области како вештачки интелект, роботика, биоинформатика, мултимедија, обработка на сигнали, компјутерски мрежи и многу др.

 

 

Целосната листа на темите за кои беше дискутирано во фокусот на настанот опфаќаат:

 - Вештачка интелигенција, роботика, биоинформатика;

 - Мултимедија, обработка на сигналите;

 - Компјутерски мрежи;

 - Сензор дијагностика;

 - Дистрибутер мрежи;

 - Компјутерска архитектура и паралелни процеси;

 - Во облак и GRID компјутерски процеси;

 - Безжични и мобилни компјутерски процеси;

 - Безбедност и криптографија;

 - Теоретски основи на информатиката;

 - Електронски свет - еВработување, еТрговија, еБизнис, еЕдукација;

 - „Зелени“ информатички и компјутерски технологии;

 - Семинар - работилница за студенти.

 

Во рамките на настанот се одржа и конференција на ученици од гимназиско образование, на која талентирани млади демонстрираа достигнувања и разменија искуства меѓу себе во областа на математиката и информатиката.

 

Повеќе за регистрацијата и програмата на претстојниот настан можете да најдете ТУКА.

 

Извор на фотографии: conference.city