Компанија со седиште во Турција ќе гради две когенерациони централи во Хрватска
2016-05-101 мин.
Индустриската зона на Ново Прачно ќе биде терен за два когенерациони енергетски капацитети од по 5 MW, објави на својот сајт Општина Сисак. Во соопштение за јавноста се соопштува уште дека договорот кој го гарантира правото на изградба е потпишан со регистрираната во Хрватска компанија Monalp Biomass Sisak. Вкупната површина на индустрискиот терен изнесува 43 000 m2.
Когенерационите инсталации ќе работат со дрвесина и ќе произведуваат топлинска и електрична енергија за потребите на населението на општината.
Компанијата - инвеститор е основана од Senay Turizm Ve Ticaret со седиште во Турција. Таа планира уште изградба на електрични централи кои ќе работат на биомаса во хрватските градови Госпиќ и Долни Лапац, како и геотермален енергетски објект во Слатина.
Извор на фотографии: phxequip.com