Македонска компанија гради фабрика за производство на печатени електронски плочи во Скопје
2016-03-172 мин.
Македонскиот производител Hi-Tech Assembly Centre ги постави темелите за изградба на фабрика за производство на печатени електронски плочи во вредност од 20 милиони евра, дозна BalkanEngineer.com од wire.seenews.com. Новата фабрика ќе биде лоцирана на вкупна површина од 5400 м2 и во неа ќе се вработат над 300 лица.

Претпријатието ќе се наоѓа во индустриската зона на Скопје.
Планирано е фабриката, која ќе биде изградена во 2 фази, да започне со работа до крајот на 2016 година. Производството ќе биде наменето главно за пазарите во Германија, Скандинавија, Велика Британија и Швајцарија.
Hi-Tech Assembly Centre е дел од создадената во 1981 година корпорација Hi-Tech. Компанијата произведува електронски печатени плочи и е снабдувач за многу компании во автомобилскиот сектор.
Извор на фотографии: wire.seenews.com