In Bulgarian In Romanian In Serbian
Стам Лтд ДОО е компанија специјализирана за проектирање, испорака, монтажа, сервис и целосен инженеринг на сите типови магацински системи и решенија. Угледот на компанијата се заснова на бројни реализирани проекти кај нас и во странство. „При изготвување на проектот за магацинскиот систем Готмар, моравме да обезбедиме максимален број гравитациони сталажи со минимална цена, вклучително и проектирање и монтажа на нестандардни сталажи, од кои секоја мораше да биде индивидуално прилагодена на потребите на клиентот“, информираа за BalkanEngineer.com од фирма Стам.
Готмар ДООЕЛ е приватна компанија специјализирана за преработка на термопластики. При изведувањето на проектот за компанијата, специјалистите на Стам се соочуваат со доста специфични проблеми поврзани со градежната конструкција. Бидејќи клиентот инсистира на максимално искористување на просторот, сталажите се вградени помеѓу потпорните столбови. Друг проблем е подот на зградата, кој има наклон од 0,5%. Конструкторите на Стам Лтд требало да го земат предвид овој факт при пресметување на системот. Исто така, имало отстапувања во постојните столбови. „Тие беа со висинска разлика од околу 6 – 7 см, што при некои гравитациони сталажи може да биде фатално“, објаснија од етаблираната бугарска компанија.
Мобилниот систем за палети е едно од најфункционалните решенија за зголемување на капацитетот на еден магацин без да се прави компромис со директниот пристап до секоја палета. Конструкцијата на сталажите се наоѓа врз мобилни основи и тие од своја страна се на шини, фиксирани во подот.
Првата фаза на проектот вклучува 4 блока на сталажни единици за 2871 стандардни палети, а во втората фаза се изградени дополнителни 2 блока за 1719 палети. „Специфика на овој проект е дека еден од блоковите беше проширување на постојната сталажна единица. Целиот проект беше реализиран за три месеци, а потребни беа околу еден месец за монтажата на системот“, додадоа од Стам Лтд.
- Трговски претставник;
- Специјалист оддел „Логистика“.
Адреса: Бугарија, Софија 1616, ул. „Панорамски пат“ 38
Телефон: 00 359 2/955 56 42
Е-mail: office@stamh.com
Повеќе информации за Стам Лтд ДОО слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Стам Лтд ДОО