Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Нуди работа / Трговски претставник

09/11/19 назад
Стам Лтд ДОО

Конкурирај

  • Бугарија
  • Софија
Трговски претставник

STAMH Ltd е неоспорниот лидер на бугарскиот пазар во областа на проектирањето, испораката и монтажата на системи за сталажи и инженеринг на магацини.

 

Растот на нашата компанија и зголемените проекти нè предизвикуваат да најдеме одговорни, мотивирани и активни личности. Ние го бараме и препознаваме талентот кај луѓето кои ни се придружуваат и им овозможуваме на сите да ги реализираат своите вештини и способности според нашите високи стандарди на работа и корпоративни принципи. Изградивме тим што го развиваме и цениме затоа што знаеме дека тоа е во основата на нашите 20 години успех.

 

За нашата централна канцеларија во град Софија (на околу 250 километри од Скопје) бараме:

 

Трговски претставник 

 

Главни обврски:

  • Остварување на продажба на системи за сталажи, магацинска опрема и опрема за подигнување и транспорт на крајни клиенти;
  • Учество во сите фази на продажбата и одговорност за остварените од Вас зделки, од моментот на пронаоѓање на потенцијален клиент и отворање на зделката, преку  подготовка и презентирање на понуда, па сè до финализирање на продажбата;
  • Демонстрација на длабинско знаење за понудените производи и услуги;
  • Способност да се дефинираат потребите на клиентот и да се понуди соодветно решение;
  • Воспоставување трајни односи со клиентите на компанијата и иницијатива за одржување на контакти после завршување на продажбата;
  • Одржување на точни и детални информации за секој клиент. Почитување на процедурите, политиките и етичкиот код на компанијата;
  • Придонес кон добрите и професионалните односи во тимот на компанијата.

 

Барања:

  • Вештина за преговарање и високо ниво на комуникација;
  • Ориентација кон постигнување на реални резултати;
  • Добра компјутерска писменост (MS Office);
  • Искуство со CRM софтвер е предност /желба за обука/;
  • Претходно искуство во продажба на магацински системи е предност;
  • Владеење на англиски јазик - предност;
  • Возачка дозвола и можност за патување во земјата.

 

Компанијата нуди:

  • Плата што е соодветна на реализираната од Вас продажба;
  • Предизвик да ги докажете и развивате Вашите вештини во областа на продажбата;
  • Семинари за обука и тренинг;
  • Работа со една од најголемите компании на бугарскиот пазар;
  • Мотивирачка и енергична работна средина;
  • Службен автомобил, телефон, лаптоп.

 

Доколку Ве интересира, очекуваме да ни испратите CV. Сите апликации ќе се разгледуваат како строго доверливи.

 

Ова работно место е отворено во согласност со проектот „Нови работни места во СТАМ ЛТД“ ДОО, BG05M9OP001-1.003-0574-C01.

  • Високо
  • Дипломиран економист
  • Дипломиран инженер
  • -
  • Полно работно време
  • Со работно место

Конкурирај

office@stamh.com

Види ги сите

Фирми

  • Метал Технолоџи Групација АД

    Групација Технологија на металите - Ангел Балевски Холдинг АД е формиран во 1997 година и во неговиот состав влегуваат 3 водечки бугарски леарници: Осам АД во град Ловеч, Алуком АД во град Плевен и Центромет АД во град Враца. Секоја од фабриките на Холдингот има долга историја, докажани традиции и искуство во металуршкиот сектор. Слоганот на фирмата „Една Групација - Многу Можности“ ги претставува обединетите можности и услуги кои ги нудат производствените фабрики на своите клиенти и партнери.

  • Wilo Претставништво Скопје, Македонија

    Wilo Претставништво Скопје е претставништво на меѓународно етаблираната германска компанија Wilo Group - водечки производител на пумпи, пумпни системи за греење, климатизација, водоснабдување, отпадни и дренажа води. Со повеќе од 140-годишна историја компанијата е силно посветена на истражување и развој и во последно време се почесто нуди на пазарот комплетни индивидуални решенија, а не само одделни производи.

  • ТП ВАГО Контакттехник ДОО

    ТП ВАГО Контакттехник е застапништво на германската компанија WAGO Kontakttechnik GmbH & Co. KG за територијата на Македонија, како и соседните држави Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија и Црна Гора. WAGO е лидер во производството на производи за електротехника, електроника, автоматика, станбена и индустриска автоматизација.

Види ги сите »