Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Дигиталниот свет на Liebherr, или како млади специјалисти разработуваат „паметни“ фрижидери

31 may 2019

In Bulgarian

 

Дигитализацијата и тенденциите за поголема поврзаност на апаратите во домаќинството бараат кардинална промена во самите производствени компании. Препознавајќи го овој факт, Либхер-Хаусгерете Марица ДООЕЛ ги фокусира своите напори кон поактивен развој на развојната дејност преку средствата на информатичките технологии. „Нашето име веќе се поврзува и со можност за реализација во ИТ сферата. Заедно со нашите колеги од Германија, разработуваме нов hi-tech проект кој се фокусира на електрониката во техниката на ладење“....., соопштија за BalkanEngineer.com од бугарската подружница на меѓународниот концерн Liebherr.

 

 

Во најновиот технолошки проект на Либхер Хаусгерете Марица учествуваат три групи софтверски специјалисти: програмери за вградени системи, дизајнери на кориснички интерфејс и специјалисти за тестирање на софтвер. „Тимовите се составени од млади, талентирани и амбициозни луѓе со искуство во областа на информатичката технологија и во развојот на софтвер за вградени системи“, споделија од Либхер.

 

 

„Со нас ги разработувате Вашите идеи. Тие достигнуваат до светот, наместо да бидат заклучени во шпајзот“, изјавија од бугарската производствена компанија. Ова е слоганот со кој Либхер Хаусгерете Марица повикува млади, амбициозни специјалисти да им се приклучат на растечките тимови. „Како дел од меѓународна технолошка корпорација, нудиме привлечни работни места за оние кои не се плашат од современи професионални предизвици“, додадоа уште од Либхер.

 

 - Инженер Инсталации за климатизација;

 - Монтер во производство;

 - Конструктор во оддел Конструкторски;

 - Project Manager Department Project Management (Products);

 - System Tester – Sub-System Electronic;

 - Scrum Master кон Управување на производствени проекти.

 

Адреса: 4202, Бугарија, Радиново, област Пловдив, индустриска зона Марица

Телефон: 00 359 32/615 414

Е-mail: lhm_jobs@liebherr.com

 

Повеќе информации за Либхер-Хаусгерете Марица ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фото материјал: Либхер-Хаусгерете Марица ДООЕЛ

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »