Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Вертикалната центрифугална пумпа Saer TMV ги оптимизира наводнувањето и трошоците за електрична енергија

20 november 2023

In Albanian  In Bulgarian  In Serbian

 

Нашата традиционална замисла за аграрни површини се огромните и рамни полиња. Но, во различни региони во светот, земјоделското земјиште може да изгледа радикално различно. Таков е, на пример случајот со плантажата со авокадо во Чиле, која се наоѓа на тераси на стрмни ридови. Сличен терен го претвора наводнувањето во вистински предизвик, но за среќа, решение е пронајдено благодарение на вертикалните повеќестепени пумпи Saer TMV. Повеќе за нив и нивната интеграција во чилеанската плантажа раскажа инженер Александар Георгиев, регионален трговски претставник на Saer Elletropompe за Бугарија, Северна Македонија, Албанија, Косово, Грција и Кипар.

 

 

„Центрифугалните повеќестепени пумпи од серија ТМ се користат во системи за водоснабдување и наводнување, во системи за греење, ладење, екстракција на кондензат, во рударството, индустријата и секаде каде што е потребен висок притисок и големи стапки на проток. Сепак, нивното посебно место е во земјоделскиот сектор. Серијата опфаќа три разновидности - TM (хоризонтални пумпи со аксијално вшмукување), TMB (хоризонтални пумпи со радијално вшмукување) и TMV (вертикални пумпи со радијално вшмукување). Стандардно, пумпите се изработуваат со излезот од горната страна, но има можност тој да се сврти за 90° во двете насоки“, објасни претставникот на италијанскиот производител.

 

Општи карактеристики на ТМ пумпите:

-Максимален работен притисок: 40 бари или 63 бари;

-Температура на испумпаната течност: min -15 °C/max 120 °C;

-Температура на околината: max 40°C.

 

Материјали од кои се изработуваат:

-Работни тркала, тело за вшмукување и потисок, куќиште: леано железо EN-GJL-250, леано железо ENGJS-500 или јаглероден челик;

-Дифузори: леано железо EN-GJL-250 или јаглероден челик;

-Вратило и сигурносни чаури: не'рѓосувачки челик AISI 431;

-Попречни шипки: јаглероден челик.

 

„Моторот на пумпите е асинхрон со надворешна вентилација, со степен на заштита IP55 и класа на изолација F. Класата на ефикасност е IE2 според IEC“, додаде инженер Георгиев.

Конкретната примена во плантажата со авокадо во Чиле бара внимателен избор на системот за пумпање, бидејќи поединечните плантажни тераси се сместени на висока и стрмна падина и имаат значителна денивелација меѓу нив. А тоа значи огромна количина на електрична енергија за пумпите. Со цел да се оптимизира ефикасноста на системот за наводнување, избрана е вертикална повеќестепена пумпа TMV управувана од фреквентен регулатор.

 

 

Агрегатот ги има следните работни карактеристики:

-Потисок: 200 m;

-Проток: 50 m3/h;

-Моќност: 55,9 kW.

 

Инж. Александър Георгиев - Area Sales Manager
Телефон:
 +359 87 673 4516 (Viber, WhatsApp)
Е-пошта: aleksandar.georgiev@saer.it

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

 

Извор на фотографии: Saer,canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »