Решенија
-
Филкаб: Ние нудиме производи и целосни решенија за осветлување за отворен простор и за различни згради
Водечката бугарска трговска, производствена и инженеринг компанија Филкаб има исклучително обемно портфолио на производи, од кои дел се производи за осветлување на станбени, трговски, јавни и индустриски згради, како и решенија за осветлување на улици и паркови. Широкиот асортиман на артикли е поделен на неколку групи на производи - извори на светлина, опрема за стартување и регулирање за осветлување, расветни тела, столбови и испусти за осветлување на улици и паркови.
2021-04-09Прочитај ја статијата
-
Хотел Titanic во Берлин овозможува неспоредлив комфор со решенијата за греење на Oventrop
Велат дека Берлин секогаш вреди да се посети. Сепак, оние што бараат автентичност и класика не би биле задоволни со сместување било каде. Од 2015 година, тие го имаат на располагање хотелот Titanic, кој претходно служел како декор за Германската државна опера. Денес ќе ѕирнеме зад кулисите на импресивната зграда за да дознаеме повеќе за инсталациите што гарантираат удобност и првокласно доживување за гостите на хотелот. Наши водичи се специјалистите од бугарската канцеларија на Oventrop.
2021-03-22Прочитај ја статијата
-
Поголема продуктивност и забрзани процеси на работа со индустриската компјутерска кутија на Неон.БГ
„Како одговор на потребите на индустриските компании, тимот за развој на Неон.БГ разработи индустриска компјутерска кутија. Таа е наменета за составување матични плочи ATX, MINI и MICRO ATX. Освен фактот дека во неа можат да се составуваат сите видови плочи, неговото куќиште има соодветно место за монитор со големина помеѓу 17 и 24", како и погодна позиција за додатоците, глувчето и тастатурата", соопштија од докажаната бугарска компанија за производство, инженеринг и трговија Неон.БГ.
2021-03-19Прочитај ја статијата
-
Зрачните конвектори на Tesy - надежно и интелигентно греење со висока енергетска ефикасност
Зрачниот метод е еден од докажаните ефективни методи на греење. Затоа во денешниот напис ќе Ви ја претставиме палетата на зрачни конвектори на етаблираниот производител на бојлери и апарати за домаќинство Tesy. „Нашите апарати ги нудат сите предности на зрачното греење во комбинација со можност за заштеда на енергија“, изјавија од Теси за BalkanEngineer.com. Ајде да видиме повеќе за апаратите... Ѕидниот зрачен конвектор на TESY е опремен со електронски термостат и сензор за човечко присуство (PIR).
2021-03-15Прочитај ја статијата
-
3D решенија за метролошка контрола од SpaceCAD - брзи, прецизни и сигурни за различни индустрии
Ефективниот пристап при реализацијата на технологијата 3D метролошка контрола бара комбинација од вистинскиот хардвер, софтвер и последно, но не и најмалку важно - вистинските луѓе. Тоа гарантира успешно спроведување на процесот во производството и ги задоволува најсовремените потреби за мерење и проверка на квалитетот. Денес, со етаблираната бугарска компанија SpaceCAD, која нуди и решенија за 3D контрола, ќе Ви ги покажеме клучните предности на ова технолошко решение.
2021-03-11Прочитај ја статијата
-
Тони Димитриевски од ЕУРОЕДИЛ: „За нашата компанија машините на FANUC се избор број еден“
ЕУРОЕДИЛ-ХОЛДИНГ ДООЕЛ е македонска компанија, основана од Управителот и Генерален менаџер Ракип Рамаданоски во 2004 година со седиште во Скудрине, општина Маврово-Ростуше. Во интервјуто, инженер Тони Димитриевски, раководител на алатниот погон ОИТР Алатница во ЕУРОЕДИЛ-ХОЛДИНГ, го споделува своето долгогодишно искуство со машините FANUC и намерите на компанијата да ја обнови опремата со нови модели на јапонскиот технолошки лидер.
2021-03-04Прочитај ја статијата
-
Ослободете го вашиот дом од влага и мувла со уредот за одвлажнување на воздухот Tesy
Поминуваме сè повеќе време дома, а особено во зимската сезона, грижата за воздухот во затворените простории е наш главен приоритет. Затоа, денес ќе Ве запознаеме со решенијата за одвлажнување на докажаниот бугарски производител Tesy, кои имаат моќна способност за одвлажнување, благодарение на што ја одржуваат влажноста на воздухот во оптимални нивоа. Одвлажнувачот е проектиран да биде компактен и лесен. Тркалата на дното го олеснуваат преместувањето во различни простории.
2021-03-01Прочитај ја статијата
-
Либхер-Хаусгерете Марица произведе рекордни 1 милион апарати
Со нов рекорд во производството на ладилници и замрзнувачи заврши .јубилејната 2020 година за Либхер-Хаусгерете Марица. Минатата година бугарската компанија, која прослави 20-годишен јубилеј, го регистрираше својот еден милион производ за годинава. Прогнозите на Либхер-Хаусгерете Марица за годишно производство од 844,000 единици беа побиени кога, како резултат на зголемената побарувачка, на 19 декември 2020 година, излегува од производство милионитиот фрижидер со замрзнувач со импресивен дизајн на британска телефонска говорница од ограничената серија London Calling.
2021-02-26Прочитај ја статијата
-
H3 – прецизен футер со висока стабилност – развиено од инженерите на РАИС
Футерот H3 постигнува 10.000 вртежи во минута и е решен конструктивно со прецизен пренос со ремен и вградени прецизни хибридно-керамички лежишта за да се постигне помала термичка експанзија и ниски вибрации. „За да се подобрат резултатите при длабоко дупчење и стружење, системот за ладење на футерот може да се надополни со решение за ладење преку алатката, што доведува до подобар квалитет на финалниот производ и заштедува време на обработка“, коментираа за BalkanEngineer.com од РАИС.
2021-02-19Прочитај ја статијата
-
Можете да ја добиете борбата со бигорот со помош на бојлерите Tesy Anticalc - сега со нов, дури и поелегантен дизајн
„Бојлерите од семејството Anticalc се разработени за долгорочно и сигурно работење без проблеми во региони со тврда, високо минерализирана и/или агресивна вода. А сега тие имаат нов, дури и постилски дизајн“, соопштија од компанијата за BalkanEngineer.com. Тие се создадени во согласност со највисоките европски безбедносни стандарди и барања за квалитет. Благодарение на сувиот грејач, бојлерите обезбедуваат сигурна работа на апаратот во тврди и агресивни води.
2021-02-11Прочитај ја статијата