In Bulgarian In Romanian In Serbian
Ако живеете во реон со тврда вода, тогаш борбата против бигорот е секојдневна и исто така непријатна. Неизбежно, минералните наслаги од таквата вода се акумулираат на електричните апарати и ги оштетуваат. Сепак, докажаниот бугарски производител Теси има решение! „Бојлерите од семејството Anticalc се разработени за долгорочно и сигурно работење без проблеми во региони со тврда, високо минерализирана и/или агресивна вода. А сега тие имаат нов, дури и постилски дизајн“, соопштија од компанијата за BalkanEngineer.com.
Што е тврда вода и како влијае на електричните апарати?
Тврдата вода се карактеризира со висока содржина на јони на магнезиум и калциум, а во некои случаи и други супстанции. Со зголемување на температурата, дел од солите на калциум и магнезиум што се растворливи во вода стануваат нерастворливи и се таложат на грејната точка. Ова е така наречениот бигор.
Што обезбедуваат бојлерите Tesy Anticalc?
Тие се создадени во согласност со највисоките европски безбедносни стандарди и барања за квалитет. Благодарение на сувиот грејач, бојлерите обезбедуваат сигурна работа на апаратот во тврди и агресивни води. Нивните предности вклучуваат и брз и лесен сервис, без да има потреба грејачот да се отстранува и без да се испушта сета вода од бојлерот.
Бојлерите Anticalc со уште помодерен и стилски дизајн
Клучен елемент во редизајнот на апаратите е контролната табла, која веќе има стилизирана ергономија и подобра функционалност. „Во фокусот на подобрувањата е елегантниот, визуелно олеснет панел, опремен со убав, целосно транспарентен индикатор, кој ја покажува подготвеноста на бојлерот за работа“, посочија од Теси.
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Теси