Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Ослободете го вашиот дом од влага и мувла со уредот за одвлажнување на воздухот Tesy

01 march 2021

In Bulgarian   In Romanian  In Serbian

 

Поминуваме сè повеќе време дома, а особено во зимската сезона, грижата за воздухот во затворените простории е наш главен приоритет. Затоа, денес ќе Ве запознаеме со решенијата за одвлажнување на докажаниот бугарски производител Tesy, кои имаат моќна способност за одвлажнување, благодарение на што ја одржуваат влажноста на воздухот во оптимални нивоа. Еве што друго им раскажаа на BalkanEngineer.com за уредите на Теси.

 

 

„Благодарение на предностите на технологиите за ладење, одвлажнувачот ја отстранува влагата од воздухот и го намалува нивото на влажност во просторијата. Уредот спречува формирањето на мувла и влага и е погоден за бањи и други влажни простории, особено кога во нив се сушат алишта“ посочија од Теси.

 

Одвлажнувачот е проектиран да биде компактен и лесен. Тркалата на дното го олеснуваат преместувањето во различни простории. Атрактивниот дизајн и ниското ниво на работен шум, што не надминува 46 dB (A), се само некои од предностите на решението.

 

 

Одвлажнувачот е достапен во две големини: DHF 10 CEL и DHF 20 CEL.

 

Технички карактеристики на DHF 10 CEL:

 

 - Капацитет на одвлажнување: 10 l/24h на 30 ° C, RH80%;

 - Течност за ладење R134a, 130 грама;

 - Волумен на воздух на час: 105 m³/час;

 - Капацитет на резервоар 2,0 l;

 - Препорачана површина на просторијата: 15 m² (висина 2,5 метри);

 - Автоматска заштита при полнење на резервоарот;

 

Технички карактеристики на DHF 20 CEL:

 

 - Номинална моќност: максимум 378W;

 - Препорачана површина на просторијата: 20-30 м2;

 - Капацитет на одвлажнување (максимум): 20 l/24h на 30 , RH 80%;

 - Резервоар за вода: 4,0 l;

 - Работна температура: 5 °C - 35 °C;

 - Волумен на воздух на час: 180 m³/час;

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фото материјалТеси, pixabay.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »