Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Тони Димитриевски од ЕУРОЕДИЛ: „За нашата компанија машините на FANUC се избор број еден“

04 march 2021

In Bulgarian

 

ЕУРОЕДИЛ-ХОЛДИНГ ДООЕЛ е македонска компанија, основана од Управителот и Генерален менаџер Ракип Рамаданоски во 2004 година  со седиште во Скудрине, општина Маврово-Ростуше. Во интервјуто, инженер Тони Димитриевски, раководител на алатниот погон ОИТР Алатница во ЕУРОЕДИЛ-ХОЛДИНГ, го споделува своето долгогодишно искуство со машините FANUC и намерите на компанијата да ја обнови опремата со нови модели на јапонскиот технолошки лидер.

 

 

Г-дине Димитриевски, дали би ја претставиле Вашата компанија и позицијата што ја имате во неа?

 

ЕУРОЕДИЛ произведува производи од лим за метални конструкции и градежништвото. Ние пресекуваме лим во ленти со различна големина и произведуваме метални висечки елементи за монтажа на гипс картон: држачи, аголни елементи, разделници, приклучоци, профили и други додатоци за сува градба. Јас сум раководител на алатниот погон Алатница, каде што произведуваме и одржуваме опрема за алати за дупчење и штанцање, виткање, извлекување и друго.

 

Вие работите со машини на FANUC. Кои беа Вашите главни мотиви за овој избор?

 

Пред да станам шеф на погонот за алати Алатница, имав своја мала компанија за производство на калапи. Уште во 2003 година ја купив мојата прва машина за електро-ерозивна обработка FANUC. Бев многу задоволен од нејзината практичност, лесен начин за проектирање и управување и наскоро после тоа купив уште една машина FANUC. Оттогаш, брендот FANUC е мој избор бр. 1. Подоцна, кога од надворешен подизведувач на ЕУРОЕДИЛ станав раководител на новиот погон за алати Алатница, кој се создаваше во тоа време, првите купени машини беа две машини за електро-ерозивна обработка на жица FANUC ROBOCUT.

 

 

Во моментов, на нашата компанија и требаат нови машини и ние повторно се потпреме на FANUC. Регионалното претставништво на FANUC, со седиште во Бугарија, ни обезбеди професионална помош при изборот на конкретните модели. Заедно со нив, дојдовме до крајниот избор на машината за електро-ерозивна обработка на жица ROBOCUT α-C400iB и LINKi и центар за вертикална обработка FANUC ROBODRILL α-D14LiB.

 

Кои се намените во кои се користат машините на FANUC?

 

Ние ги користиме машините на FANUC главно во автоматизација на процесите за производство на алати за сечење, штанцање, влечење и свиткување на лим, во сервисните услуги за одржување, како и во производство на иновативни машини и склопови, кои се дел од работата на Алатница ЕУРОЕДИЛ.

 

 

Кои се главните резултати и предности од имплементацијата на производите на FANUC во производните линии на Вашата компанија?

 

Нивните најважни предности, според мое мислење, се континуитетот и компактната големина во споредба со оние на конкурентските компании. Целосна врска - од едноставниот за употреба ROBOCUT CAMi, преку поврзувањето со машината (LINKi) и можноста за избор на стандардни режими на работа, сè е функционална комбинација на голема брзина, прецизност и ефикасно работење. Машините гарантираат одлични перформанси, сигурна EDM технологија и стабилен процес на обработка.

 

Централна канцеларија за Југоисточна Европа

Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД

Телефон: 00359 2 963 33 19, 00359 2 963 32 86

E-mail: service.bg@fanuc.eu

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фото материјалФАНУК Бугарија, FANUC, ЕУРОЕДИЛ

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »