Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Лазатек: Успешно завршивме проект за испорака и пуштање во употреба на машина за глодање за запчаници CNC HERA-200S

14 july 2024

In Bulgarian  In Serbian   In Albanian

 

„Среќни сме да соопштиме дека во месец мај оваа година успешно ја завршивме имплементацијата на машината за глодање на запчаници HERA-200S на Yunil Machine во бугарската компанија Подем Габрово ЕООД.. Испораката е според проектот „Технолошка модернизација во претпријатието“, кој е финансиран во рамките на Програмата за економска трансформација кон Националниот план за обновување и одржливост. Машината пуштена во употреба ќе даде можност за зголемување и реализација на производството на нашиот клиент“, соопштија за успешната реализација од добро етаблираната компанија Лазатек, која на локалниот пазар ги нуди универзалните машини за глодање на запчаници на Yunil Machine.

 

 

Јужнокорејската компанија Yunil Machine е познат производител на CNC центри за обработка на запчаници со долгогодишно искуство во проектирањето и разработката на високотехнолошка опрема. Од своето основање во 1963 година, до сега компанијата успева да се етаблира на светскиот пазар, а денес повеќе од 80% од нејзините производи се извезуваат во десетици земји ширум светот. Машините на Yunil Machine се одликуваат со висок квалитет, одлични технички карактеристики и високотехнолошка опрема.

 

Опсегот на примена на машините за глодање на запчаници на Yunil Machine е доста широк: машиноградба, воздухопловна индустрија, бродоградба, производство на инструменти и автомобилска индустрија. „Глодањето на запчаници е најраспространета технологија за производството на овие машински елементи, за што се потребни машини со високи продуктивност со моќни мотори и тешки режими на обработка со користење на модуларни полжасти глодалки“, изјавија од Лазатек.

 

 

Испорачаната CNC машина за глодање на запчаници е моделот HERA-200S, кој е проектиран со голема јачина на телото, вграден мотор со висок вртежен момент по оска С (опционално) и постојана автоматска корекција на лабавоста на оската B/C. Специјален транспортен конвеер  ги однесува струготините од телото на машината. Таа може да се користи и во автоматизирани производствени линии.

 

Адреса: Бугарија, Софија 1225, населбата Орландовци, улицата "Oвчарски" 22
Телефон: +359 2 936 7261
E-mail: info@lazatec.com

 

 

Извор на фотографии: Лазатек

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »