In Albanian In Bulgarian In Romanian In Serbian
Системот за далечинско известување за потрошувачката на природен гас UDS на докажаниот производител Унисист Инженеринг е наменет за далечинско собирање на информации за количините на природен гас поминат низ мерните места. Самите мерни места можат да бидат опремени со коректори или само волуметриски мерачи на проток. На секој час и/или ден добиените информации за количините од мерните места се собираат во централизирана база на податоци.
„Пристапот до информациите во базата на податоци се врши преку веб-интерфејс од кој било компјутер со интернет конекција, а тој се одредува според степенот на овластување на корисникот – администратор или оператор. Клиентите - домаќинства имаат посебен пристап, преку кој можат да добиваат информации само за нивните податоци“, информираа за BalkanEngineer.com од Унисист Инженеринг.
Со UDS системот за далечинско мерење и известување за природен гас, корисникот има континуиран пристап до податоците од мрежата за пренос на гас во реално време. Извештаите според влезови, според региони и за целата компанија можат да послужат за контрола на можните загуби во мрежата. „Базата на податоци обезбедува сигурно и безбедно складирање на информациите за минатите периоди. Архивираните информации може да се служат за годишни извештаи и сметководство без ограничувања на поминатото време. На клиентите на компанијата им се обезбедува онлајн пристап до нивните податоци во согласност со барањата на Директива 2012/27/ЕУ и на Законот за енергетска ефикасност“, објаснија специјалистите од водечката производствена и инженеринг компанија.
Системот UDS е чекор во насока на реализацијата на дигитализиран и поповрзан свет и претворувањето на мерните уреди во „паметни“ во согласност со Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ).
Можните видови информации и биланси што ги обезбедува системот UDS се:
-Според серии – поминатите количини на гас по месеци, денови или часови за избрана серија;
-Според клиенти – поминатите количини по месеци, денови или часови за сите серии на избраниот клиент (вкупно или одделно за сериите на клиентот);
-Според мерачи на проток – поминатите количини по месеци, денови или часови за избран мерач на проток;
-Биланс според влезови – поминатите количини по месеци, денови или часови за избран влез, споредени со количините за истите чекори на сите серии – излези од овој влез и разликата меѓу нив;
-Биланс според реони – поминатите количини по месеци, денови или часови за даден влез на избраниот реон, споредени со количините за истите чекори на излезите во овој реон и разликата меѓу нив;
-Вкупен биланс за компанијата – поминатите количини по месеци, денови или часови на влезот на компанијата, споредени со количините за истите чекори на излезите од компанијата и разликата меѓу нив.
Унисист Инженеринг ДООЕЛ
Адреса: Софија, Бугарија, п.к. 1582 населба Дружба, бул „Цветан Лазаров“ 144
Телефон: +359 2 886 1203, +359 2 886 3237; +359 2 886 0562
E-mail: office@unisyst.bg
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Унисист Инженеринг