Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Мари Бентц: Платформска вага ILT со сензорски екран и широк спектар на функции од KERN

26 january 2018

In Bulgarian.

 

Докажаната компанија Мари Бентц која е и ексклузивен претставник во Македонија на KERN, претставува нова премиум платформска вага на германскиот производител. Специјално за BalkanEngineer.com од фирмата раскажаа детали за современиот и иновативен модел ILT, кој е дел од нејзината актуелна палета од електронски платформски ваги и тежински системи со бренд KERN.

 

 

Платформската вага ILT нуди интуитивна експлоатација. Лесен трансфер на податоци од мерењата кон компјутер, повикување на елементи на вагата со користење на поврзан баркод или RFID скенер, хардверски излез за податоци од мерењето кон голем или втор екран - ова се само дел од бројните функционалности кои ги обезбедува вагата ILT.

 

Од компанијата обрнаа внимание и на мултиплицираната функција преку која рецептите и нивните состојки можат да се мултиплицираат по желба само со притискање на копче. Тоа е исклучително добро решение при производството на поголеми количини во пакувања итн. Вградената меморија од 1 GB овозможува меморирање на илјадници резултати, артикли, рецепти, рецептурни состојки, тежина на контејнерите, кориснички податоци и др.

 

„И тоа не е сè - со платформската вага ILT етикетите за рокот на траење може да се чуваат и печатат за секое мерење, а статистичката функција обезбедува сигурна статистичка анализа на серија мерења“, додадоа од Мари Бентц. Со вагата ILT е обезбедено и лесно управување на серии со распределба на главни серии и присвојување на бројот на сериите, класификација, статус на серија, одредување на серии, управување на серија, обработка на рок на траење и др.

 

Или накратко, ако треба да изброиме три главни функционални групи кои ја карактеризираат уникатноста на вагата ILT, тогаш тие ќе бидат:

 

Alibi меморија: архива без хартија за резултатите од мерењето. Електронски индикатор за ниво постојано ја проверува позицијата на билансот, алармира со звук кога уредот е надвор од рамнотежа и дава визуелни инструкции за корекции.

 

Висок степен на сигурност на процесот. „Можете да поставите гранични вредности за избрани параметри, како што се температура, израмнување, минимално оптоварување, штелување итн. Кога вредноста падне надвор од овие граници, ќе биде издадено предупредително соопштение што може да се меморира заедно со резултатите од мерењето“, изјавија од Мари Бентц.

 

Индивидуални формати на печатење: исписите можат да бидат индивидуално регулирани во зависност од режимот на работа, апликацијата или барањата.

 

Централен канцеларија:

Адреса: Бургас 8000, ул. „Фердинандова“ бр.5

Телефон: 00 359 56/842 808

E-mail: info@mariebentz.com

 

 

Извор на фото материјал: Мари Бенц, KERN 

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »