Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Максимална енергетска ефикасност и термичка удобност се постигнуваат со вентилите HydroCom и HydroControl на Oventrop

17 february 2023

In Bulgarian

 

„Системите за греење, вентилација и климатизација имаат огромен потенцијал во однос на енергетската ефикасност. Нивното опремување со вентили за регулирање на водоводна цевка HydroCom и HydroControl на Oventrop гарантира одлична хидраулична рамнотежа, што доведува до значителна заштеда на енергија без тоа да е компромис со пријатната микроклима во просториите“, коментираа од светски познатата компанија во областа на арматура за регулација Oventrop. Еве што друго дознавме за карактеристиките и предностите на овие вентили.

 

 

„Постојат неколку јасни знаци дека вашиот систем за греење или ладење функционира оптимално - бараните вредности се постигнуваат брзо, точно, со минимална количина на енергија при што секоја од зоните за греење/ладење успева да ги достигне целните параметри, наведуваат од Oventrop од позиција на нивното долгогодишно искуство. Добриот систем за рамнотежа на инсталациите за греење, вентилација и климатизација игра клучна улога во нивното функционирање и решава сериозни проблеми како што се:

 

- Недоволно загревање или претерано ладење во некои точки;

- Тешко загревање по долг престој или префрлување од еден во друг режим;

- Нестабилна температура во просториите;

- Висока потрошувачка на енергија, дури и со регулатори на температурата.

 

Главната причина за нивното појавување е нерамномерноста на протокот во одделните сектори на системот, што може да се регулира со баланс вентили, регулатори на диференцијален притисок и регулатори на протокот. Нерамномерниот проток е поврзан со непотребно висок притисок во некои точки, што резултира со прекумерна потрошувачка на енергија. Преку прецизните поставки на баланс вентилите, овие процеси се контролираат. Ова обезбедува уедначеност на параметрите низ целиот систем. Нерамнотежата  во различните водоводни цевки секогаш го зголемува енергетскиот интензитет на инсталацијата со цел да се заштитат најзагрозените корисници.

 

 

„Доколку во некоја зграда просечната температура е за 1° повисока од номиналната вредност, тогаш потрошувачката на енергија за греење се зголемува за 6 до 10%. Ладењето за 1° пониско од номиналната температура ја зголемува потрошувачката до 15%. А за да се загреат зоните со неповолна положба, нерегулираната инсталација треба да започне со работа порано од потребното, што исто така ги влошува нејзините енергетски карактеристики“, објаснија од Oventrop.

 

Специјалистите за греење, вентилација и климатизација се убедени дека регулирањето на параметрите во системите за греење и ладење е важно да се случи брзо, точно и ефикасно. Таква можност за поедноставена манипулација даваат двојно регулационите баланс вентили HydroCom од палетата на Oventrop. „Со рачка што е лесна за ракување, можете прецизно да ја прилагодите рамнотежата со директно одредување на Kv вредноста. Вентилот има оптимизиран дизајн, со наклон за намалени вкупни димензии. Погоден е за модуларни решенија, вградување во директни или обратни водови на проток, со можности за мерење, празнење и полнење“, ги истакнаа предностите на производот од фирмата производителот и го насочија вниманието кон уште една серија која ги докажала своите предности во системите за греење и ладење.

 

Импресивни се наградите што ги добија вентилите HydroControl VTR, меѓу кои се и Меѓународната награда за дизајн Baden-Württemberg, Good Design Award Japan, iF-награда на Industrie Forum Design Hannover.  Производот HydroControl VFC е добитник и на престижната награда Grand Prix од Pragotherm Prag. Oventrop нуди повеќе производи од истата линија со разновидности како HydroControl VFN, HydroControl VFR, HydroControl AFC, HydroControl VGC со варијации во намени, конструкции, големини итн.

 

Претставување Oventrop Бугарија и Република Северна Македонија

г-н Пламен Латев
Телефон: +359 888 258252

 

Хидротермика Системи ДООЕЛ
Адреса: Македонија, 137, Гостивар
Телефон/факс: 00 389 42215594
Мобилен: 00 389 70245571
E-mail: hidrotermika@t-home.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Oventrop (Овентроп), pixabay.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

  • 13 december 2024Решенијата за автоматизација на згради на AББ обезбедуваат енергетско ефикасна иднина за петвековна зграда во Шкотска

    Позната некогаш како дом на монаси и кралски дворјани, како и на должници во бегство од властите, опатија Странд (Abbey Strand) во Единбург, Шкотска, чува сакрално историско и архитектонско наследство. Денес таа е веќе модернизирана со целосен проект за модернизација кој вклучува најсовремени системи за автоматизација на згради и енергетски менаџмент на АББ. До денес, историската зграда е трансформирана во комплекс со девет луксузни апартмани со првокласна послужување, што е модел за одржлива реконструкција и подобрена енергетска ефикасност на зградите.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »