Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Инженеринг ЕАД: Ние високо ја цениме довербата на нашите клиенти, затоа постојано инвестираме во квалитетот на нашите услуги

24 january 2024

In Albanian  In Bulgarian In Serbian

 

Инженеринг ЕАД е компанија од групацијата Филкаб која обезбедува целосни инженеринг услуги извршени од висококвалификувани специјалисти. „Нашата компанија се развива во две насоки: комплексни инженеринг услуги, кои вклучуваат проектирање, изработка, испорака и монтажа на комплетна електрична опрема и автоматизација на објекти, линии и опрема за индустријата, како и производство“, коментираа од тимот на Инженеринг ЕАД. Покрај наведените активности, во надлежностите на експертите се вклучуваат и сервис и одржување на објектите кои се сопствено производство на компанијата. 

 

 

Инженеринг ЕАД нуди сервисни активности и гаранција во претплата и поддршка надвор од гаранција за целата опрема од каталогот на производи на компанијата, како и за сите изведени градежни објекти.

 

„Изборот на висококвалификувани специјалисти и нашите инвестиции во современа опрема и технологии се диктирани од нашата цел да им обезбедиме на нашите клиенти најдобраta услуга и производи на пазарот. Уште во 2014 година имплементиравме ERP систем за оптимизација на процесите на нашата фирма. Во моментов нашата компанија успешно работи во согласност со имплементираниот интегриран систем за управување со квалитетот, животна средина, здравје и безбедност при работа според меѓународните стандарди: ISO 9001:2015, ISO 14001:2015 и ISO 45001:2018“, информираа професионалците.

 

Во портфолиото на услуги на компанијата се вклучени:

 - Планирани и итни поправки на бетонски комплетни трансформаторски трафостаници (БКТТ), комплетни уреди за распределба (КУР), електрични ормани и системи за енергетски кабли;

 - Превентивно одржување на БКТТ, (КУР, електрични опмани и системи за енергетски кабли;

 

 - Електрична опрема на индустриски и јавни згради;

 

 - Електрично напојување со надземни далноводи (НД) и кабелски линии (КЛ);

 

 - Додавање на нови претплатници во претпријатијата за дистрибуција на електрична енергија (ПДЕ).

 

 

А додадената вредност што ја добиваат клиентите на Инженеринг ЕАД се изразува во:

 - Тим од компетентни вработени, кои условуваат донесување на информирана одлука од страна на клиентот во однос на конкретен проект;

 

 - Модерно опремени погони со сета потребна опрема и машини за квалитетно производство.

 

„Инженеринг ЕАД е фирма со одржлива стратегија за развој која на прво место ги става потребите и сатисфакцијата на своите клиенти. Сервисната активност и претплатеното одржување, извршени од експерти во областа со долгогодишно искуство и големо знаење, се уште еден доказ за тоа“, додадоа уште од компанијата.

 

Инженеринг ЕАД  централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92

Телефон: +359 32 277 171; +359 32 608 881

E-mail: office@filkab.com

 

МаккаБ ДООЕЛ

Адреса: Македонија, Визбегово, Јадранска Магистрала бр. 59

Телефон: +359 2 323 3727; моб. +359 72 31 0300; +359 71 34 7133 

E-mail: office@makkab.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Инженеринг ЕАД, canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »